Матијас Франк (; р. во Роглисвил) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Се смета за силен искачувач, завршувајќи осми во генералниот пласма на Тур де Франс 2015 и освоил етапа од бегство на Вуелта а Еспања 2016.
Кариера 2008-2013
Матијас Франка ја започнал својата професионална кариера со германската екипа . Првата професионална победа ја имал на ГП Триберг-Шварцвалд. Меѓутоа, германската екипа се распаднала истата сезона, што значело дека Франк морал да најде друга екипа. Завршил во . Возел пет години за БМЦ и освоил три трки, постигнувајќи и добри резултати на Тур де Свис.
ИАМ Сајклинг (2014-2016)
По пет години со екипата , Франк ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 за да му се приклучи на новата швајцарска екипа . Возел за екипата три години, додека не се распаднала на крајот на 2016 година. Франк завршил втор на Тур де Свис 2014 и четврти на Тур де Романди 2014. Следната година, Франк се насочил на генералниот пласман на Тур де Франс. Бил во бегство на етапата 17 кога завршил петти, напредувајќи до осмото место во генералниот пласман. На етапата 19, Франк се нашол и едно место погоре во генералниот пласман, меѓутоа на етапата 20 до Алп д’Иез, повторно паднал на осмото место, на кое завршил и на крајот на трката. Следната година, Франк имал лоша среќа на Тур де Франс, кога паднал на етапата 14. Поради тоа се насочил на Вуелта а Еспања. Успеал да отиде во неколку бегства пред да ја освои етапата 17.
АГ2Р Ла Мондијал (2017-денес)
Франк потпишал двегодишен договор со француската екипа и го сменил својот фокус како поддршка на Ромен Барде на Тур де Франс. Франк завршил седми на Тур де Свис, како подготовка за Тур де Франс. Франк му помогнал на Барде да стигне до подиум. Следната година, Франк бил изоставен од составот на екипата за Тур, меѓутоа бидејќи Александар Жење имал слаба форма, Франк бил повикан и му помогнал на Барде да стигне до шестото место.
Достигнувања
2006 1. Етапа 4 Тур де Аеропортс 2. Национален друмски првак под 23 години 2007 1. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години 1. Етапа 5 1. Етапа 4 ГП Тел 2009 1. Краен пласман ГП Тел 6. Краен пласман Трка околу Ирска 2010 1. 20п Планински пласман Тур де Свис 1. 20п Спринтерски пласман Тур де Свис 2011 6. Краен пласман Тур де Свис 2012 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино 1. 20п Пласман за швајцарски возач Тур де Свис 10. Краен пласман Трка околу Јута 2013 Трка околу Австрија 1. Етапа 4 1. Етапа 5 2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 1. Етапа 2 3. Гран при де Валони 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија 5. Краен пласман Тур де Свис 2014 2. Краен пласман Критериум Интернасионал 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 3 2. Краен пласман Трка околу Баварија 1. Етапа 2 2. Краен пласман Тур де Свис 4. Краен пласман Тур де Романди 7. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 2015 3. Национално друмско првенство 5. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка 8. Краен пласман Тур де Франс 2016 1. Етапа 17 Вуелта а Еспања 7. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 8. Краен пласман Тур де Романди 2017 7. Краен пласман Тур де Свис 1. 20п Пласман најдобар швајцарски возач 7. Букл де л’Олн 2018 4. Национално друмско првенство 5. Тре Вали Варезине 9. Џиро дела Тоскана 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро———СО83—————— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——СО———СО8СО3055 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања ВуелтаСО——94————37——
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Швајцарски велосипедисти Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе