Џумабос — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија. Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.
Потекло и значење на името
Името на селото потекнува од турскиот топоним Џумаа Обаси, што се поврзува со турскиот збор „сита“ со значење молитва в петок во џамија или во поново време петок и пазар, како и турскиот збор „оба“ со значење голем шатор со преграда или привремено местожителство на група номаци (Јуруци).
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Воздушен поглед на местоположбата на селото
Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Дојран, а северозападно од Дојранското Езеро, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово (на еден тесен дел). Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри.
Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска. На мало растојание (350 метри воздушна линија) е селото Дурутли, кое се наоѓа североисточно од него преку долот на месниот поток.
До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.
Стопанство
Селото не поседува сопствен атар, туку е вклучено во атарот на селото Дурутли.
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 14 домаќинства со 26 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Џумабос живееле 65 жители, сите Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.
Во периодот по Втората светска војна, населението на Џумабос доживеало пораст, но во 1950-тите почнало да се намалува и до 1961 година тоа се преполовило. Во текот на таа деценија е забележан многу голем пад на бројноста на жителите, при што во 1971 година се заведени само 8 жители, а во текот на истата деценија селото сосема се испразнило.
Според пописот од 2002 година, Џумабос немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Џумабос било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Џумабос се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали и Севендекли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Севендекли, во која влегувале селата Дурутли, Севендекли и Џумабос.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли, Чаушли и Џумабос.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Реки Билеличка Река — река низ селото Анска Река — река во близина на селото
Поврзано Општина Дојран Боска Беласица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дојрански села Категорија:Села во Општина Дојран Категорија:Беласица Категорија:Раселени села во Македонија