Бунарче — село во Општина Кавадарци, југоисточно од градот Кавадарци.
Географија и местоположба
Историја Во XIX век селото било дел од Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бунарче живееле 332 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунарче имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 104-105.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото живеат само 2 жители, Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Родови Бунарче е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
Доселеници: Трпковци (4 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Пожарско во Меглен; Филиповци (1 к.) доселени се од селото Барово; Кочовци (3 к.) доселени се од селото Вешје; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Миновци (3 к.) доселени се од селото Страгово; Прдиновци (1 к.), Биџовци (1 к.), Гоцомановци (1 к.), Грижовци (1 к.), Џамбазовци (1 к.) и Думовци-Терзијовци (2 к.) сите избегале од селото Зборско во Меглен во 1916 година, сите родови прво се разбегале по другите села, па потоа се собрале овде; Петковци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Страгово, таму се доселиле од селото Сирково во 1917 година, а во Сирково од селото Тушин во Меглен.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Димитриј“
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци
Категорија:Раселени села во Македонија