Оризари — село во Општина Липково, Кумановско.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во средишниот дел на општината. Теренот е рамничарски, со надморска височина од 400 м. Атарот зафаќа површина од . Низ Оризари минува патот Липково-Куманово (Р2133). Најблиските населени места се Слупчане на североисток, Липково на југозапад и Опае на исток.
Целото село и патот ги пресекува потокот Голем Дол, кој тече кон југоисток и завршува како притока на Липковска Река во месноста Оризиште.
Историја Подрачјето на Оризари е населено уште од римско време, за што сведочи некрополата Беловина околу селото.
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Оризар како македонско село.Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. По извесно време овде се доселиле голем број Албанци, а македонското население драстично опаднало. На крајот од XIX век Оризари станало мешано македонско-албанско село во Кумановската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Оризари имало 24 Македонци христијани и 180 Арнаути муслимани.
На почетокот на XX век по податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Оризари имало и 60 христијани — Роми.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.128-129.
Стопанство Во селото работат поголем број продавници, угостителски објекти и сл. Стопанството има полјоделски карактер. Според податок од 1998 г. Оризари имало 245 ха обработливо земјиште и 224 ха пасишта
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци и 50 Роми.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.094 жители, од кои 3 Македонци, 2.064 Албанци и 27 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.692 жители, од кои 1.666 Албанци и 26 лица без податоци.
Општествени установи Оризарска џамија Детска градинка
Децата од Оризари го посетуваат недалечното основно училиште „Фаик Коница“ кое е на подеднакво растојание од Оризари и Слупчане, а најблиско средно училиште е „Исмет Јашари“ во Липково.
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Беловина — некропола од римско време
Личности Исмет Јашари, наречен „Командант Куманова“ (1967-1998) — командант на УЧК, загинат во борбите со српската војска на Косово. По него се именувани разни нешта во липковскиот крај. Хајдар Јашари (1909–1991) — духовно лице
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково