Руница (, албанизиран облик на изворното име Ругинце/РугинциРазлично од селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане.) — село во Општина Липково, Кумановско, во северниот дел на Македонија.

Географија и местоположба Ова ридско село се наоѓа во Кумановското Поле, помеѓу Извор на југозапад и Ваксинце на југоисток. Како населба од разбиени тип, поделено е на маала и има просечна надморска височина од 600 м. Атарот зафаќа . Маалата се следниве: Горна, Кукска, Османска, Пилска и Труќска.

Од повисоките делови на атарот дотекуваат помали рекички како Стража, Белановска, Бачовинска и Пилска Река, и јужно од селото ја образуваат Ругинска Река. Таа малку подолу ја прима притоката Бела Вода и тече под името Слупчанска Река низ селата Слупчане и Опае, завршувајќи како притока на Липковска Река кај с. Лопате.

Историја Ругинци се спомнува во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. како дар на деспотот Дејан за црвата во Архилевица. Во 1378-9 г. наследниците на Дејан, Јован и Константин Драгаш, ја дарувале црквата во Архилевица со сите нејзини имоти на манастирот Хиландар на Света Гора.Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1996, с. 57

На крајот од XIX век Ругинце било мешано македонско-албанско село во Кумановската Каза на Отоманскто Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ругинце имало 462 жители Македонци христијани и 350 Арнаути муслимани.

Целото христијанско население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија и налетот на бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Ругинци имало 520 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127. Податоците може да се однесуваат на Руѓинце во денешната Општина Старо Нагоричане.

Стопанство Селото има полјоделско-сточарско стопанство, а има и услужни објекти. Според податок од 1998 г. Руница имала 602 ха обработливо земјиште и 558 ха пасишта.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.

Интересно е да се забележи дека пописите од првите децении по Втората светска војна во Руница е заведен значаен број на турско население.Руница — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Не е познато дали станува збор за фактички Турци кои се доселиле на местото на иселено македонско население, или пак погрешно заведување на пописните наоди.

Така, во 1953 г. од вкупно 731 жител, попишани се 473 Албанци и 256 Турци. На следниот попис од 1961 г. од вкупно 761 жител заведени се 219 Албанци и дури 538 Турци. На следниот попис во селото останале само 10 Турци, а во наредните години селото немало ниеден Турчин. Во текот на 1970-тите населението значајно опаднало, од 705 жители во 1971 на 438 жители во 1981 г. За 1991 г. не постојат податоци, бидејќи населението го бојкотирало пописот. Големото иселување продолжило и понатаму, така што во 1994 г. селото имало вкупно 182 жители, сите Албанци. Во 1990-тите Руница продолжила да се празни.

Според пописот од 2002 година, селото имало 69 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 82 жители, од кои 68 Албанци и 14 лица без податоци.

Општествени установи Џамија „Ахмед Белиг-паша“ ОУ „Дрита“

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково