Отља () — село во Општина Липково, Кумановско.
Географија и местоположба
Отља лежи северозападно од Куманово и кумановскиот дел на Скопска Црна Гора (Карадак), во Жеглигово на десниот брег на Липковска Река. Местото е исполнето со планини и котлини, и се наоѓа во близина на селата Липково и Матејче. Отља се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, во селата кои се населени со Албанци муслимани.
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.100 Албанци, 50 Македонци и 50 Роми.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.538 жители, од кои 2.485 Албанци и 52 лица без податоци.
Родови Отља е муслиманско село. А порано имало и православно население.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото биле
Православни
Грујовци (4 к.) доселени биле пред повеќе од 350 години од околината на Вучитрн во Косово. Тогаш во Отла и останатите села на Карадак немало доселени муслимански родови од Албанија. Потоа доста население од Грујовци се иселил во Скопје, Дебар, Матејче и Куманово. Петковци (1 к.) доселени биле од околината на Косовска Митровица во Косово. Од овој род имало многу иселеници во Куманово (10 семејства). Златанови (1 к.) доселени биле од некое место во Косово. Имале иселеници во Куманово (8 семејства). Ѓоргиовци (1 к.) доселени биле од Метохија. Имале иселеници во Куманово (10 семејства).
Муслимански
Острец (9 к.) и Муратови (18 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Ибралар (8 к.) потекнуваат од фисот Гаш во северна Албанија. Абазолар (20 к.), Аметалар (17 к.), Пљускалар (8 к.), Дајколар (10 к.), Крачуљ (12 к.), Курталар (12 к.) и Аличко (10 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково