Никола Пусен (; , , Нормандија - , ) — француски сликар и еден од предводниците на барокот во ова поле од уметноста. Неговите дела се одликуваат со јасност, логичност и прецизна подреденост. Тој и давал предност на линијата и формата во однос на боите. Бил признат и почитуван сликар во негово време, и воедно бил инспирација за подоцнежните класични уметници како Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр и Пол Сезан. Познавачите на ликовната уметност го сметаат за стилски неистомисленик на Караваџо и неговите следбеници. Ако караваџистите создавале дела кои не биле во согласност со природните закони, сликите на Пусен биле целосна хармонија на боите и движењето. Најголемиот дел од неговиот творечки период го минал во Рим, а за кратко се вратил во својата родна земја по барање на кардиналот Ришелје, за да работи како дворски уметник под заштита на францускиот монарх Луј XIII.Се за Никола Пусен

Ликот на Никола Пусен бил еден од најмистичните творци од барокот и поле на интерес на историчарите на уметност од вековите кои следеле. Се претставува како поларна опозиција на италијанскиот ликовен великан Караваџо. Ако италијанските уметници твореле со многу нагласени емоции и немирни бои, овој во своите дела внесувал филозофска нишка, придружена со вечна хармонија и неуништлива ускладеност на ликовните елементи. И неговите биографи ќе запишат дека бил тивок и повлечен човек, посветен на семејството и со патријахални погледи на општеството. Како и да е, кога станувало збор за четката и маслените бои, бил категоричен и одлучен никој да му се меша, ниту пак да му попречува за време на работата. Сите овие карактерни црти ќе бидат присутни и ќе одиграат значајна улога во оформувањето на неговото име како синоним за сликарството во 17 век.Основни биографски податоци за Никола Пусен

Животопис Младост мини|десно|Панорама на Ле Андели, родниот град на Никола Пусен Пусен е роден на 15 јуни 1594 г. во малото гратче Ле Андели, кое се наоѓа во француската покраина Нормандија. Неговото потесно семејство припаѓало на аристократските кругови. Татко му Жан Пусен бил висок благородник кој долго служел во воената администрација на владетелите Анри III и Анри IV. Поради феудалното општествено уредување, постариот Пусен бил принуден сам да си обезбеди коњ, оклоп и воена опрема за честите воени походи. Така, Жан Пусен заминал во пензија како стар и осиромашен буржуј. Поради немањето финансиски средства да го одржува големиот посед, таткото на Пусен го продал сето негово имање и се преселил во руралната населба Ле Андели во северна Франција. Таму ја запознал својата идна сопруга Мари де Лезмент, вдовица на починато воено лице. Од оваа љубов се родил славниот Никола Пусен. Пораснал во регион каде минувало речното корито на Сена, па прекрасните пролетни пејзажи дефинитивно влијаеле на неговата бујна имагинација и страст кон сликарството.Животот на Никола Пусен

Добил квалитетно образование поради угледот на неговиот татко. Изучувал латински јазик и природни науки, кои ќе станат негова втора љубов по цртањето. Некои негови биографи велат дека не покажувал голем интерес кон училиштето, па така за време на предавањата најчесто си цртал во тетратката. Неговиот несомнен талент бил воочен уште во раната младост, од тогаш успешниот локален уметник Квентин Варан, кој му предложил да замине на студии по уметност во некој од големите научни центри. Неговите родители му одобриле, и тој на 17 години отпатувал во Париз за доусовршување на ликовната техника. Во француската престолнина се задржал 12 години, од 1612 до 1624 г.Биографија според Метрополиски музеј

За неговиот престој во Париз многу малку се знае. Но, кога конечно влегол во главниот град, бил без скршена пара и без никакви познаници. Се претпоставува дека ментор му бил маниристот Џулио Романо, а бил соученик и близок пријател со Фердинанд Ел и Џорџ Лалеманд. Иако првите години во новата среднина му биле тешки за преживување, сè се изменило од корен кога го запознал Џамбатиста Марино, еден од најголемите италијански поети на сите времиња. Марино бил штитеник на моќната фирентинска фамилија Медичи, а во Париз пристигнал 1615 г. Веднаш го земал младиот Пусен под своја заштита и веднаш го претставил на париската интелиганција. Марино станал негов постојан патрон, и најмногу по негово убедување, неискусниот француски сликар заминал за Рим.Биографија на Никола Пусен

Престојот во Рим мини|лево|Смрт на девицата (1623) - првото Пусеново дело Пусен имал голема желба и два неуспешни обиди да се пресели во некој од италијанските културни центри (1619 г. во Фиренца и 1622 г. во Венеција). Рим во барокната епоха бил најпознатото и најпрестижно одредиште за младите надежни уметници како Никола Пусен. Периодот кога тој стапнал на римската почва (1624), градот бил преплавен од роеви странски студенти кои својата среќа ја барале на ова место. Францускиот младич имал обесхрабрувачки почеток, најмногу поради заминувањето на Марино за Неапол, каде и починал неколку месеци подоцна. За да заработи за преживување, Пусен набрзина изработувал слики за црниот пазар, а поретко и давал совети за уредување и украсување на внатрешноста на римските домови. За негова среќа, со посредство на Марино пред неговото патување за Неапол, станал познаник на Марсело Сакиети, мецена на угледниот фреско-сликар Пјетро да Кортона. Ова познанство било негова пропусница во друштвото на гламурозните и благороднички семејства од Рим.Делото на Никола Пусен

Една година подоцна, Пусен ја придобил и наклонетоста на влијателниот римски кардинал Франческо Барберини, кој бил и еден од неговите први работодавачи. Оваа година била значајна за понатамошниот креатиативен развој кај младиот уметник, бидејќи остварил договор со Касијано дел Поцо (секретар на кардиналот), кој на драго срце се согласил да биде негов нов спонзор. Поцо го внел Пусен во светот на античката литература, филозофија и уметност, кои ќе го дооформат неговото сликарско портфолио. Поцо го вклучил неговиот нов штитеник во нов проект за просторно уредување на еден римски музеј. И покрај паричната поддршка од Поцо, тие средства не биле доволни да се задоволат потребите на амбициозниот уметник. За да заштеди пари, Пусен најчесто живеел под ист покрив со разни цимери, меѓу кои бил и фламанскиот вајар Франсоа Докенуа. Според непотврдени извори, се раскажува дека тој страдал од неисхранетост и бил на работ на смртта. Со помош на сонародникот Жак Диге, исто така сликар и негов пријател, се излекувал. Кога закрепнал, се оженил со ќерката на Диге, Ана-Марија, а повремено го подучувал и нејзиниот брат Гаспар. Длабоко импресиониран од умешноста на Никола, младиот Гаспар го земал презимето Пусен како свое. Освен со Гаспар, Никола Пусен бил неразделив другар и со Клод Лорен. Тројцата заедно шетале по ненаселените предели во близина на градот и ги скицирале оние поинтересни глетки. Биле толку нераздвојни, што денес не може со сигурност да се определи авторот на некои нивни слики од тој временски период.Профил на Енциклопедија Британика

Пусеновите пет минути ќе дојдат во 1628 г. кога го создал неговото прво ремек-дело „Смртта на Германик“, која ја подарил на кардиналот Барберини. Неговиот углед уште повеќе се зацврстил со изложувањето на сликата „Колеж на витлеемските младенци“, исто така велемајсторско остварување. Пусен ја достигнал својата уметничка зрелост на 32 години, релативно доцна за сликарите од барокната епоха. Без оглед на неуверливиот старт на кариерата, Пусен бил поканет за постојан член на академијата „Св. Лука“. Иако денес Пусен е познат по академскиот начин на творење, историчарите ни кажуваат дека овој уметник не ги следел упатствата на постарите членови и често доаѓало до конфликт поради Пусеновите темпераментни нарави.Откупено култното дело на Пусен мини|десно|Фонтебло, 50 километри југоисточно од Париз, предградието каде што престојувал Пусен како студент За време на престојот на Пусен во Рим, градските сликари биле поделени во врска со правецот по кој треба да се движи оваа уметност. Едните биле за продолжување на постоечкиот барокен стил, додека останатите, меѓу кои бил и Пусен, се залагале за започнување нова стилистичка насока. Пјетро да Кортона бил изречито против стилската насоченост на Пусен, но неговите ставови не биле пречка Пусен да ужива голема популарност помеѓу римската аристократска класа. Неговите услуги биле барани од моќните и богати фамилии од цела Италија, како и од папата Климент IX. Делата кои ги создавал биле доста екпериментални и зрачеле со иновативност. Добриот глас се проширил низ целиот континент, и стасал сè до Франција до ушите на самиот кардинал Ришелје.Митологијата во европската нововековна уметност

Враќање во Франција мини|десно|Мирно време (1651) Ришелје бил трогнат од совршеноста на „Седумте свети тајни“, што го натерало да му понуди работа во Франција. Го замолил Пусен да нацрта неколку портрети за неговиот замок, што овој го извршил со големо задоволство. Делата наменети за замокот на кардиналот многу му се допаднале и на францускиот крал Луј Тринаесетти. Тој решил дека Никола Пусен е вистинскиот човек за украсување на централната галерија во Лувр, па затоа испратил покана до врвниот уметник во 1639 г. повторно да се врати во татковината.Сликите на Никола Пусен

Отпрвин Пусен се колебал дали да ја прифати оваа великодушна понуда, најмногу затоа што неговото семејство се наоѓало во Рим и бидејќи тој самиот бил докажан и почитуван во таа средина. И најмногу од се, Пусен мразел неговата работа да биде надгледувана и оценувана од кралските комисии, како што неговите нарачани сакрални слики требало да добијат одобрување од папските рецензенти. На крајот по препорака на видни негови колеги се согласил и привремено заминал за Париз. Бидејќи работел под будното око на кралската ликовна критика, сликите кои ги направил биле просечни, и како што кажува Пусен лично, тие творби не биле негови бидејќи не го оставил срцето во нив. За неуспехот на неговите најнови дела директно го посочил кралот, по што револтиран се вратил во Рим.Артциклодедија за Пусен

Поради незавршените обврски кон францускиот монарх, тамошната влада со закани го принудила Пусен повторно да дојде во Париз. Повторно му била доделена задачата да го украси внатрешноста на Лувр, овој пат со помош на неколку сликари-асистенти. Пусен се потрудил да го даде најдоброто од себе и да се осигура дека помошниците ќе ги следат неговите совети. Но немањето контрола врз самиот креативен процес било премногу за славниот уметник. Бил згрозен од дворските интриги и морално потиштен. За тоа време во Париз направил многу непријатели, а само еден вистински пријател и тоа ликовниот колекционер Пол Фрер де Шантел. Оттогаш Шантел станал негов лојален патрон. Пусен испратил молба до кралот да му дозволи да се врати во Италија, како наводно би се грижел за болната сопруга. Но одговор на молбата никогаш и не добил. За негова огромна среќа, во декември истата година починал кардиналот Ришелје, а четири месеци подоцна умрел и царот Луј Тринаесетти. Пусен ја искорисил можноста да си отиде и никогаш повеќе не се вратил во Франција.Слики на Пусен оштетени со црвен спреј

мини|лево|Надгробната плоча на Пусен во манастирот Сан Лоренцо Последните денови и смртта