Кочишта — напуштено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено под југозападната падина на планината Стогово. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.020 метри. Од градот Дебар е оддалечено 16 километри.

До селото се доаѓа по земјен пат, кој започнува во близина на селото Житинени, каде поминува регионалниот пат 2249.

Историја Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 19,9 км2.

Население

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 35 домаќинства со 68 жители христијани (Македонци) и 40 муслимани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кочишта живееле 355 жители, од кои 180 жители христијани (Македонци) и 175 жители муслимани (Македонци).Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261. На етнографската карта на Битолски Вилает од 1901 година, изработена од Софиски картографски институт, Кочишта – дел од Дебарски Санџак – е прикажан како село со 80 домаќинства и мешано население составено од Македонци, Македонци муслимани, Албанци и Турци.Етнографска карта на Битолскиот вилает (каталози на населби, забелешки и карта во четири дела).  Скопје, Каламус, 2017. ISBN 978-608-4646-23-5. с. 44.  Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кочишта имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Селото е наполно раселено по 1953 година, кога што броело 177 жители, турско население.

Според пописот од 2002 година, селото Кочишта немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови

Кочишта е раселено село. Било торбешко (македонско-муслиманско) село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле: Доселеници: Мемовци или Мемишовци (30 к.), се делат на Јашаровци (9 к.), Аламановци (7 к.), Фидовци (11 к.) и Вејселовци (3 к.), доселени се од селото Коџаџик, од родот Бајрамовци. Самите кажуваат дека потекнуваат од турските сточари, Јуруци.

Иселеништво

Од македонските православни родови кои живееле некогаш во селото се знае за иселеници во селото Нерези во Дримкол, Шопкини. Потоа иселеници има и во Скопје, Бугарија и Дебар.

Од торбешите иселеници до 1954 година има во Турција (13 семејства), од кои во Адапазар (8 семејства), Каја Чифлик во близина на Измир (5 семејства), потоа во Сушица близу Струмица, и во Кичево.

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Кочишта било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0566 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Брештани.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.

Личности Личности родени во Кочишта:

Роска Коста Димитриевска — учесник во НОВ на Македонија

Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа Категорија:Раселени села во Македонија