Канарево — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на маалото Џамбасци
Селото се наоѓа во јужниот дел на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, во ридско-планинската област Козјачија, недалеку од левата страна на патот Куманово-Крива Паланка. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 400 до 490 метри, а од градот Куманово е оддалечено 23 километри.
До селото води локален земјен пат, кој се двои од асфалтираниот пат кој води кон Бајловце.
Канарево се наоѓа лево и десно од коритото на Петрошница на допирот на повисокото карпесто земјиште на североисток и на пониското обработливо земјиште на југозапад. Околни села се Макреш, Орах, Цвиланце и други. Водата за пиење доаѓа од бунари и ретки извори.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Поле, Ковилица, Грнчарица, Мечит, Прчевац, Крња Чука, Рамниште, Плочје, Столица, Раснати Камен, Цуцулица, Братанеговац, Росуљак, Гола Ридина, Перос, Орлов Камен, Еленове Бртве, Дол, Орловац, Град и Селиште.
Селото има многу разбиен тип. Маалата се родовски групи на куќи, па затоа селото има онолку маала колку родови, вкупно 16. Селото е издолжено во насока северозапад-југоисток и е долго околу 4 километри. Крајните маала се доста блиску до соседните села — Орах и Макреш.
Историја
Североисточно од селото се наоѓа истакнато карпесто возвишение наречено Град. Тоа е сместено лево од реката Петрошница, покрај патот за соседното Аљинце. Во близина на возвишението се Градачки Дол и брдото Орљак. Мештаните имаат предание дека некогаш таму живееле „Римјани“. На возвишението Град било сѐ оградено и има слаби остатоци од кружен ѕид. Во близина е потокот Градешница, месноста Чаршија и каде каде имало ковачи. Според Археолошката карта, и Град (или Голо Брдо) и Орљак се археолошки наоѓалишта, од кои првото е населба од железното и доцноантичкото време, додека второто е кастел од доцноантичкото време.
Кога е основано денешното село нема историски извори. Мештаните наведуваат дека Канарево било старо село, што се потврдува со постоењето на бројни стари родови во селото. Такви родови се Џамбасци, Ѓоринци, Стојановци, Куравци и други. Сепак, за тие родови не може со сигурност да се каже дали се староседелци или пак стари доселеници кои си го заборавиле своето потекло.
Месноста Селиште е во близина на маалата Поповци II и Џамбасци, што е непосредно до коритото на реката Петрошница. Подоцна, тоа село се разбило и мештаните отишле таму каде што имале ниви и сточарски трла.
Некогаш селото страдало од чума и тогаш мештаните побегнале во планина. Пред крајот на турската власт, селото најпрвин било „бугарско“, а потоа станало „српско“.
Во маалото Поповци II се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“, која била изградена по Првата светска војна. Претходно, на нејзино место постоела средновековна црква, која била разурнато, но нема информации кога била подигната. Пред денешната и средновековната црква постоела една мала трошна црква, која ја изградиле предците на родот Баба Достинци.
Стопанство
мини|300п|десно|Амбар во селото
Атарот зафаќа простор од 13,3 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 759 хектари, додека на обработливите површини отпаѓаат 480 хектари.
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.
Во селото, мештаните се занимавале со земјоделство и сточарство. Меѓутоа, на селскиот атар лете владее јака суша, па нема ниту доволно вода за пиење. Дополнително, тие се занимавале со каменорезбарство, особено оние од Додинско Маало. Најмногу изработувале гробни споменици.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Канарево живееле 322 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 216.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Канарево имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.
Од ова село се иселил значителен број од населението, така што, населението се намалило од 518 жители во 1961 година, на 129 жители во 1994 година, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото броело 81 жител, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 44 Македонци и 4 лица без податоци.
Родови
Канарево е македонско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1971 година, родови во селото: Староседелци: Ѓоринци (9 к.), Џамбасци (9 к.), Стојановци (7 к.), Куравци (4 к.), Баба-Достинци (3 к.), Галагинци (3 к.), Бели-Вусци (3 к.), Аџијини (1 к.), Бошковци (1 к.), Поповци (11 к.) и Церовци (2 к.). Сите овие родови имаат свои посебни маала. Доселеници: Поповци II (5 к.), доселени се во век од кривопаланечкото село Дренак. Од овој род потекнувал последниот селски свештеник; Стојановци (1 к.), потекнуваат од православен Ром, доселени се од селото Бајловце. Се занимавале како ковачи и живеат во Поповци II; Костадиновци (4 к.), доселени во век од соседното Аљинце, живеат во маалото Поповци II; Мацанци (3 к.), доселени пред крајот на турската власт од соседното Аљинце; Додинци (3 к.), доселени во век од соседното Аљинце; Ѓуринци (4 к.), доселени од кумановското село Жељувино; Николинци (9 к.), доселени од селото Калово во Горна Пчиња; Дејловчанци (3 к.), доселени пред крајот на турската власт од кумановското Дејловце; Милосковци (5 к.), доселени пред Првата светска војна од Калово во Горна Пчиња; Дренчанци (3 к.), доселени по Првата светска војна од кривопаланечкото Дренак; Прчовчанци (3 к.), доселени во српско време од соседното Аљинце; Јовановци (1 к.) и Павлевци (1 к.), доселени по 1912 година исто од соседното Аљинце. Куќите им се во маалото Поповци II.
Иселеништво
По Втората светска војна, селаните почнале масовно да се иселуваат, најмногу во градовите. Од сите селски родови имало иселувања.
Специфично се знае за следниве родови: Саздини (2 к.), заминале во кумановското Степанце, ромскиот род Канаревчани (2 к.), заминале во кумановско Клечевце, а се знае и за родот Канаревчани кои заминале во селото Коќура во Горна Пчиња.
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Канарево било село во Кумановската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово, додека во периодот 1955-1965 било во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Облавце, во која покрај селото Канарево се наоѓале и селата Војник, Дренок, Макреш, Облавце, Орах, Ругинце и Стрезовце. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Облавце, во која влегувале Канарево, Макреш, Облавце и Стрезовце.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1184 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Воздушен поглед на црквата
Археолошки наоѓалишта Голо Брдо — населба од железното и доцноантичкото време; и Орљак — кастел од доцноантичкото време.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Реки Петрошница — река низ селото, лева притока на Пчиња.
Редовни настани
Слави Ѓурѓовден — црковна и селска слава.
Галерија
Наводи
Поврзано Козјачија Општина Старо Нагоричане Куманово
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане