Стрновац — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Стрновац имало 93 жители, од кои 87 Македонци и 6 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 41 Македонец, 6 Срби и 1 лице без податоци.

Родови

Стрновац е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

Доселеници: Јовановци (22 к.), Клинчарци (9 к.), Алабуцини (6 к.) и Шантирци (4 к.) сите се доселени од селото Старо Нагоричане. Во родот Јовановци се знае следното родословие: Стојче (жив на 66 г. во 1971 година) Максим-Арсо-Стојан, еден од првите доселеници; Беризимци (17 к.) доселени се од селото Драгоманце. Подалечно потекло од околината на Параќин во Србија; Гаговци (4 к.) доселени се однекаде; Челопечанци (3 к.) доселени се од селото Челопек.

Иселеништво До 1971 година 4 семејства се иселиле во Австралија. Во мај 1971 година 15 млади момци се спремале да се иселат во Австралија. Потоа планирале и своите семејства да ги повлечат.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане