Горно Татеши — село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед во селото
Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Струшкото Поле, во средишниот дел на Општина Струга, од десната страна на реката Црн Дрим, а под јужната падина на планината Караорман. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 730 метри. Од градот Струга селото е оддалечено 13 километри.
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2243 кај селото Долно Татеши, но до селото може да се пристапи и преку локален асфалтен пат од страната на селото Добовјани.
Селото се наоѓа околу 800 метри западно од соседното Долно Татеши. Селските куќи се подигнати во планинското подножје. Околни села се Тоска, Ново Село и Добовјани. Во минатото, водата за пиење доаѓала од бунари. Во самото село и на атарот нема извори.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Каљаја, Краста, Болнец, Орница, Љопре Цанит, Прој-Сапот, Уле Мад и други.
Селото има збиен тип. Сепак, тоа е поделено на маала кои се наречени по родовите. Има онолку маала колку што има родови (вкупно десет).
Во поново време на половина пат помеѓу Горно Татеши и Добовјани се изградиле куќи во месноста Јаовце.
Историја
Северно од селото се подигнува возвишението Каљаја (Кале). Народната традиција наведува дека таму некогаш имало мало утврдување. Видливи остатоци денес не можат да се видат на површината на земјата. Таму има и стари гробишта.
И ова село се смета за старо село во Струшко. Најпрвин тоа имало словенско-христијанско население. Тие жители во првата половина на век работеле на чифлигот во селото во посед на Јусуф-бег. Неговиот брат Емин-бег имал посебен чифлиг во соседното Долно Татеши.
Меѓутоа, околу 1830 година во селото дошле две албански домаќинства од селото Слатино во Голо Брдо. Старешини на овие две семејства биле браќата Диша и Али. Од нивните синови се намножиле сите денешни селски родови (вкупно десет). Како се пренесува, тие доселеници ја купиле земјата од Јусуф-бег, поради што селските христијани морале да се иселат.
Селската џамија била обновена во 1973 година.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 324 хектари, на шумите отпаѓаат 266 хектари, а на пасиштата 105,4 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работат продавници.
Главно селаните се занимаваат со земјоделство и сточарство. Меѓутоа, земјата не е многу плодна, бидејќи не се наводнува. Има доста стока, особено ситна. Дел од мештаните се на привремена работа во странство, главно во Германија, Австрија и Швајцарија.
Население
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 160 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татеши (Горно и Долно) живееле 750 жители, од кои 450 Албанци и 300 Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 254.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Татеши (Горно и Долно) се води како чисто албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 48 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.
Селото е средно по големина, населено со албанско население. Во 1961 година броело 633 жители, додека во 1994 година имало 869 жители.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Горно Татеши, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.
Според пописот од 2002 година, селото броело 1.148 жители, од кои 1 Македонец, 1.144 Албанци, 1 Влав и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 619 жители, од кои 1 Македонец, 601 Албанец, 1 Турчин, 1 останат и 15 лица без податоци.
Родови
Горно Татеши е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1977 година, родови во селото: Тела, Ава, Таири, Џелка, Мерсими, Шабани, Диша, Арслани, Брава и Селмани. Просечно секој род има по 10 куќи. Сите родови потекнуваат од двајца браќа (Диша и Али) кои се доселиле околу 1830 година од селото Слатино, Голо Брдо. Нивниот трет брат Азиз тогаш се населил во селото Долно Татеши.
Иселеништво
Од двете села Горно и Долно Татеши има иселеници во околните струшки села. Тие иселеници се: Татешани (2 к.) во Ливада, Татешани (2 к.) во Биџево, Татешани (2 к.) во Долна Белица, Татешани (4 к.) во Шум и Беќири (1 к.) во Ново Село.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поглед на основното училиште
Централното основно училиште „Орхан Џемаили“, деветгодишно основно училиште
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Горно Татеши било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Велешта.
Во периодот од 1957 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото припаѓало на некогашната општина Велешта.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Велешта, во која покрај селото Горно Татеши, се наоѓале и селата Велешта, Враништа, Дабовјани, Долна Белица, Долно Татеши, Ташморуништа и Тоска. Во периодот 1950-1952 година, селото Горно Татеши било дел од некогашната општина Делогожди, во која влегувале селата Богојци, Делогожди, Долно Татеши, Корошишта, Тоска и Џепин.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1918 и 1918/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Бегова Нива — населба од доцноантичко време; Горна Ливада — некропола од доцниот среден век; Кале — утврдување од римското време; Петкова Нива — населба од доцноантичко време; Црква — населба од доцноантичко време; и Штрати — населба од доцноантичко време.
Џамии Џамија — главна селска џамија.
Галерија
Поврзано Општина Струга Струшко Поле
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга