Долна Белица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.

Потекло на името

мини|300п|лево|Сретселото

Првото име на Горна Белица било Бела, добиено од белината на реката Беличка Река, што се пени на стрмниот тек.

Со време се појавиле две населби, поради што селата ги добиле имињата Долна и Горна Белица.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, недалеку од градот Струга, сместено во Струшкото Поле. Селото е рамничарско, на надморска височина од 730 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 7 километри.

Низ селото поминува регионалниот пат 2240.

Ова големо село се наоѓа во областа Струшки Дримкол, сместено северозападно од Струга, а во подножјето на планината Јабланица. Покрај него поминува Беличка Река. Најблиски села се: Враништа, Заграчани, Велешта и Октиси. Во минатото, мештаните водата за пиење ја добивале од бунари.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Подпиле, Зад-река, Кодру, Кала Маре, Џамија, Димарзено и Краста.

Долна Белица има збиен тип и е поделено на маала кои се именувани по родови: Томаноско, Укоско, Рочи, Шабаноско и други.

Историја

Во областа е раширено преданието дека Горна Белица на планината Јабланица и Долна Белица во подножјето на планината биле основани од Власи, кои како номадски сточари престојувале на територија на денешна Албанија, но бидејќи направиле многу штета на околните села, турската власт им наредила да се населат тука.

Тоа било во век, кога Власите дошле од месноста Змолник во областа Черменик, западно од планината Јабланица. Подоцна дошле Власи и од другите делови на Албанија и северниот дел на Грција.

Легендата кажува дека првин било основано Горна Белица на Јабланица, додека на подрачјето на денешното село Долна Белица им се наоѓале зимските колиби. Подоцна, некои Власи решиле тука да се преселат, па така тие добиле и малку земја за обработување.

Селото уште од неговото основање имало и муслимански Албанци (од денешниот род Рочи и други). Тие работеле како слуги кај богатите Власи. Така, селото постепено растело како влашко-албанско. Во 1948 година имало 151 домаќинство од кои 130 влашки и 21 албанско.

Етничката структура во селото нагло била променета по Втората светска војна, кога Власите се иселиле и ги продале своите имоти, а на нивно место се населиле Албанци од другите села во Струшко.

Во средишниот дел на селото се наоѓа црквата „Успение на Пресвета Богородица“ изградена во 1896 година, како и џамија, која е подигната во истиот период.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 6,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 524,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 63,5 хектари, а на шумите само 3,4 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работат продавници и угостителски објекти.

Жителите главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и одат на печалба.

Население

Според податоците од 1873 година, селото имало 109 домаќинства и 28 жители муслимани, 40 Македонци и 212 Власи.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 102-103.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долна Белица имало 700 жители, од кои 650 Власи и 50 Албанци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Долна Белица е претставено како чисто влашко село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 55 куќи.

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долна Белица имало 1.224 Власи, патријаршисти.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.164-155.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Власи и 150 Албанци.

Селото е средно по големина и во 1961 година броело 659 жители, од кои 251 биле Албанци, 50 Македонци, а 349 се означени како други, иако всушност се Власи, додека во 1994 година бројот е зголемен на 894 жители, од кои 779 биле Албанци, 36 Македонци, 36 Власи и 6 Турци.

Според пописот од 2002 година, во селото Долна Белица живееле 1.026 жители, од кои 17 Македонци, 945 Албанци, 1 Турчин, 24 Власи, 1 Србин и 38 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 660 жители, од кои 2 Македонци, 604 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 5 Власи, 29 останати и 18 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Долна Белица:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Вкупно 1948 — — — — — — — — 692 1953 27 207 0 3 471 1 3 — 712 1961 50 251 1 — — 5 352 — 659 1971 52 478 5 0 — 0 152 — 687 1981 68 627 0 0 91 1 21 — 808 1991 32 41 1 0 33 1 69 — 177 1994 36 779 6 0 36 1 36 — 894 2002 17 945 1 0 24 1 38 — 1.026 2021 2 604 1 1 5 0 29 18 660

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови

Селото Долна Белица отсекогаш имало влашко-албански родови.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1980 година, родови во селото: Влашки родови: Томаноски (5 к.), Укоски (4 к.), Гучески (4 к.), Џангоски (3 к.), Филипоски (3 к.), Пиповски (2 к.), Мареноски (2 к.), Дардански (2 к.), Пржитоски (2 к.), Ќуфовски (2 к.), Попоски (1 к.), Неделкоски (1 к.), Шкаркоски (1 к.), Зоза (1 к.) и Трцовски (1 к.). Овие родови немаат куќна слава. Во родот Укоски се знае следнава генеалогија: Симон (жив, 72 години во 1980 г.)-Јаков-Јане-Ѓорѓи, подалечните предци не ги знаат. Албански родови: Постари родови: Рочи (34 к.), прв албански род во селото доселен во втората половина на век, потекнуваат од околината на Пешкопеја, од селото Рочи каде што биле слуги кај Власите, во овој род се знае следнава генеалогија: Беџет (жив, 67 години во 1980 г.)-Малиќ-Зенел-Осман-Селим-Бајрам-Бриим-Таир, основач на родот кој се доселил, кој имал три браќа, кои се населиле на три места, едниот во Долна Белица, другиот во Велешта и третиот во Битола; Шабаноски (15 к.), најнапред живееле во соседното Горна Белица, не им се знае потеклото и Салиевски (8 к.), дошле по Шабаноски, но не им се знае потеклото. Понови родови: Велештани (20 к.), Октишани (8 к.), Радолиштани (2 к.), Татешани (2 к.), Добовјанци (2 к.) и Делогождани (2 к.), сите наречени по селата од каде што потекнуваат. Родот Октишани во претходното село биле Торбеши.

Иселеништво

Од селото се имаат иселено околу сто влашки семејства, кои сега живеат во Струга, Охрид (помал број), Белград и Панчево. Има и неколку целосно иселени родови, како што е родот Цирка, од каде потекнува поранешниот министер на Југославија, Александар Цинцар-Марковиќ. Влашкиот род Беличани (2 к.) живеат во соседното село Враништа. Има и иселени Албанци, како што е родот Белица, кои сега живеат во селото Радолишта.

Општествени установи

Основно училиште „7 Март“ — подрачно основно училиште до V одделение, порано наречено ОУ „Единство“ Дом на културата Месна заедница

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Долна Белица било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Велешта.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Велешта, во која покрај селото Долна Белица, се наоѓале и селата Велешта, Враништа, Горно Татеши, Добовјани, Долно Татеши, Ташмаруништа и Тоска. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на некогашната општина Враништа, во која влегувале селата Враништа, Долна Белица и Ложани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место место бр. 1871 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 975 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 967 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Арангел — средновековна црква и некропола; Краста — населба од железно време; и Св. Петка — средновековна црква.

Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква; Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — помала црква во селото; Црква „Св. Архангел Михаил“ — помала црква во полето, уништена од вандали во 2010 година; и Црква „Св. Петка“ — најнова црква, изградена во 1989 година.

Џамии Џамија — главна селска џамија.

Споменици На селските гробишта кај црквата „Св. Петка“ се наоѓа спомен-плоча посветена на загинатите австроунгарски војници во Првата светска војна

Реки Беличка Река — притока на Црн Дрим.

Личности

Родени во или по потекло од Долна Белица Ајрие Калиќи (1922-?) — учесник во НОВ на Македонија

Галерија

Наводи

Забелешки

Поврзано Дримкол Општина Струга Струга

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга