<big><big>Источен КејпOos-KaapMpuma-Koloni Површина 169,580 км2 Население 6,436,761 Јазици: Ксхоза (83%)Африканс (9.6%) Англиски (3.7%) Раси: Црнци (87.6%)Обоени (7.4%)Кавкази (4.7%) Азијатци (0.3%) Главен град: Бишо Најголем град: Порт Елизабет Премиер: Носимо Балиндлела Местоположбата на Источен Кејп
Источен Кејп е покраина во Јужноафриканската Република. Нејзин главен град е Бишо. Оваа покраина беше формирана во 1994 година, надвор од Транскеј и Цискеј, како и од источните делови на покраината Кејп. Источен Кејп е традиционалниот дом на Ксхозите и родното место на многу истакнати Јужноафриканци, како Нелсон Мендела и Табо Мбеки.
Географија
Источниот Кејп постанува постепено повлажен од запад кон исток. Западот е главно претставен со полусувиот Кару, со исклучок на крајниот југ во кој се наоѓа дождовната шума во регионот Цицикама. Брегот е повеќе нерамен со големи плажи. Поголем дел од покраината е ридест до многу планинест помеѓу Граф-Рејнет и Родс, вклучувајќи го тука и Снојберге („Снежни Планини“ на африканс), Стормберге, Винтерберге и Змејските Планини (Дракенсберг). Највисоката точка на покраината е врвот Бен Мекдуи, висок 3001 метар. Источно од Ист Лондон, кон покраината Натал, се наоѓаат тревести површини.
Категорија:Покраини во ЈАР
Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година