Грегори Купе (роден во Ле Пјуј-ан-Веле, Франција на 31 декември 1972) — поранешен француски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Во својата долга кариера играл за само четири клуба и тоа Сент Етјен, Лион (11 сезони), Атлетико Мадрид и Париз Сен Жермен.

Кариера Клупска кариера Својата младинска кариера ја започнал во екипата од родниот град Олимпик Ле Пјуј, а од 1993 година ја започнал својата професионална фудбалска кариера во екипата на Сент Етјен. Во клубот останал до 1997 година кога се преселил во Лион. Во периодот кога овој клуб бил во подем, Купе бил една од поважните алки во клубот и тој имал огромен придонес во освојувањето на незаборавните седум титули едноподруго во Француското првенство. Покрај тоа Купе освоил и 5 Суперкупа и по еден трофеј во Купот на Франција и Лига купот на Франција, а во 2008 година потпишал за Атлетико Мадрид, напуштајќи го Лион по цели 11 години во клубот. Во Атлетико имал една неуспешна сезона во која одиграл само 6 натпревари по што веќе следното лето се вратил во Франција за да игра за Париз Сен Жермен. Во двете сезони со Парижаните, не успеал да освои никаков трофеј, па по завршувањето на сезоната 2010-11 решил да ја заврши својата кариера.

Репрезентативна кариера Купе бил репрезентативец на Франција седум години од 2001 до 2008 и ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и две Европски првенства (2004 и 2008).

Титули Клубови Олимпик Лион Лига 1 (7) : 2001-02, 2002-03, 2003-04, 2004-05, 2005-06, 2006-07, 2007-08. Куп на Франција (1) : 2008. Лига куп на Франција (1) : 2001. Француски Суперкуп (5) : 2003, 2004, 2005, 2007, 2008.

Репрезентативни Франција Куп на конфедерации (2) : 2001 и 2003

Надворешни врски Статистика на кариерата

Амбициозниот Купе на местото на Бартез Grégory Coupet face à Rivaldo en 1999

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1972 година