Свети Атанасиј — манастирска црква на Дреновечкиот манастир.
Историја Според своите димензии, архитектурниот стил и живописот, црквата се проценува дека била изградена во XVII век.„Манастир „Свети Атанасиј“, село Дреновци “. OldPrilep. 27 мај 2013.
Архитектура Градбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и се одликува по тоа што олтарскиот простор во источниот дел претставува засебен дел со помали димензии и има мала полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна на храмот е прилепена камбанаријата којашто има квадратна основа и во горниот дел има по една монофора на секоја страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на Атанасиј Александриски. На надворшениот ѕид од засебниот олтарски простор има ниша со фреска во лоша состојба. Внатрешноста на црквата е живописана, а иконостасот е богат со икони и слики. Остатоци од првобитниот живопис единсвено се среќаваат во олтарскиот простор.
Галерија Надворешност
Внатрешност
Поврзано Дреновечки манастир Црква „Св. Теодор Тирон“ Дреновци Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Дреновци Дреновци