Лудвигслуст () — поранешен округ во југозападниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничел со (од север надесно) Северозападен Мекленбург, слободниот град Шверин, Пархим, Пригниц во Бранденбург, Лихов-Даненберг и Линебург во Долна Саксонија и округот Лауенбург во Шлезвиг-Холштајн. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011 година. Неговата територија била припоена кон новосоздадениот округ Лудвигслуст-Пархим.

Географија

Округот бил сместен помеѓу реката Елба и градот Шверин. Пред административната реформа во 2011 година бил најголем округ во Мекленбург-Западна Померанија, но многу слабо населен.

Историја

По повторното обединување на Германија биле основани два окрузи Хагенов и Лудвигслуст. Во 1994, обата окрузи со општинските заедници Растов и Штралендорф од округот Шверин-Ланд биле споени во тогашниот округ Лудвигслуст. Овој округ бил споен со округот Пархим при административната реформа во септември 2011 година, создавајќи го новиот округ Лудвигслуст-Пархим.

Грб

100px|ГрбГрбот прикажува коњ во горниот дел, симболизирајќи ја ергелето во Редефин, како и традицијата за одгледување на коњи во областа. Шверинските грофови исто така го користеле коњот како нивен симбол. Брановитата линија која го одвојува долниот дел ја претставува реката Елба. Трите дабови листа во долниот дел се за трите окрузи од кои бил создаден тогашниот округ. Боите потекнуваат од двете историски грофовии — црвено-жолтата од Шверинското грофовија и црвено-сребрено-зелената од грофовијата Даненберг.

Градови и општини

Слободни градови Бојценбург Хагенов Либтен Лудвигслуст Општински заедници1. Бојценбург-Ланд [седиште: Бојценбург] Бенгерсторф Безиц Бралсторф Дерзенов Гресе Гревен Ној Гилце Носторф Шванхајде Телдау Тесин кај Бојценбург 2. Демиц-Малис Демиц1, 2 Гребс-Ниндорф Каренц Малк Герен Малис Ној Калис Филанк 3. Грабов Балов Брунов Дамбек Елдена Горлозен Грабов1, 2 Карштет Кремин Милов Меленбек Мухов Прислих Штезов Цирцов4. Хагенов-Ланд [седиште: Хагенов] Алт Цахун Бандениц Белш Бобцин Брезегард кај Пихер Гамелин Грос Крамс Хорт Хилзебург Кирх Језар Кусторф Морас Петов-Штеген Пихер Прицир Редефин Зецин Штрокирхен Тодин Варлиц 5. Лудвигслуст-Ланд [седиште: Лудвигслуст] Алт Кренцлин Брезегард кај Елдена Гелен Грос Лаш Лојсов Либесе Либлов Растов Зилсторф Илиц Варлов Вебелин6. Нојштат-Глеве Бливенсторф Бренц Нојштат-Глеве1, 2 13. Штралендорф Димер Холтузен Клајн Роган Пампов Шосин Штралендорф1 Варзов Витенферден Цилов 8. Витенбург Керхов Лезен Витенбург1, 2 Витендерп 9. Царентин Галин Когел Литов-Фалун Фелан Царентин1, 21седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Поранешни окрузи во Мекленбург-Западна Померанија