Даглас (англиски: Douglas; мански: Doolish) е најголем и главен град на островот Ман, со население од 28.939 жители (2011). Тој се наоѓа на устието на реката Даглас, сместен во залив од две милји. Реката Даглас е дел од пристаништето на градот и главно комерцијално пристаниште. мини|Фотохром на Лохот Шеталиштето за време на невреме, 1890-тите Даглас беше мала населба сè додека не дојде до забрзан економски раст како резултат на поврзаноста со англиското пристаниште Ливерпул во XVIII век. Понатамошен раст на населението дојде откако градот се индустријализираше во следниот век, што резултира во 1869 година со преместување на владата на островот, од Каслтаун во Даглас. Високиот суд на островот, исто така, е со седиште во главниот град.
Градот служи како главен центар на островот за бизнис, финансии, правни услуги, испорака, транспорт, шопинг и забава. Годишната Isle of Man ТТ - трка со мотори започнува и завршува во Даглас.
Поврзано Обединето Кралство Велика Британија
Надворешни врски Совет на градот Главни информации за градот Извештај од попис 2006
Категорија:Главни градови во Европа Категорија:Обединето Кралство Категорија:Градови во Обединетото Кралство Категорија:Населени места во Обединетото Кралство Категорија:Британски главни градови Категорија:Населени места основани во 12 век