Талдикорган (), порано познат како Талди-Курган (, сè до 1993), е административниот центар на Жетисуската Област, Казахстан. Население: Поголемиот дел од населението се казаци.
Образование
Талдикорган има сеопфатен образовен систем, Вклучувајќи универзитет, институти, институции, технички колеџи, средни школи и градинки. Постојат 27 јавни здравствени установи, театар, забавни паркови, библиотеки, градско кино, стадион, спортски комплекс и базени за пливање. Сите овие установи не се одржувани како што треба од нивната изградба во времето на СССР.http://www.advantour.com/kazakhstan/almaty/taldykorgan.htm retrieved 2007-07-27
Демографија
Етничкиот состав на населението во Талдикорган според пописот од 2010 година е следниот :
Казаци - 93,156 (64.96%) Руси - 36,532 (25.47%) Корејци - 5,172 (3.61%) Татари - 2,783 (1.94%) Германци - 1,581 (1.10%) Украинци - 1,071 (0.75%) Ујгури - 962 (0.67%) Чеченци - 354 (0.25%) Узбеци - 302 (0.21%) Белоруси - 177 (0.12%) Азербејџанци - 130 (0.09%) Полјаци - 123 (0.09%) Киргизи - 102 (0.07%) други - 962 people (0.67%)
Превоз
Талдикорган поседува аеродром кои ги услужува поголемиот дел од казахстанските и руски градови, додека пак со воз е поврзан со Централен Казахстан, Средна Азија, Русија, балтичките држави и со Народна Република Кина.
Спорт
Градот има футбалски клуб, ФК Жетису Талдикорган.http://www.brandsoftheworld.com/countries/kz/121815.html retrieved 2007-07-27http://www.soccerway.com/match/super-league/fc-zhetysu-taldykorgan/fc-irtysh-pavlodar/450289/ retrieved2007-07-27
Забележителни граѓани
Андреј Кивилев (1973 - 2003) - професионален велосипедист. Сергеј Водопјанов (роден 1987) - Руски аматерски боксер, добитник на злато во категорија банта на светското аматерскo боксерско првенство во 2007 година. Алибек Булешев(роден 1981) - фудбалер. Готлиб Владимир (роден 1942) - Проф. д-р. институтот Лвив на за физичко образование (Украина), магистратурант на спорт (пливање). Моментално живее во Германија. Мират Сарсембаев (роден 1986) - ааматерскi боксер, познат по освојувањето на бронза во категорија мува на светскoтo аматерскo боксерско првенство во 2005 година. Виктор Сидоренко (роден 1953) - сликар, куратор, наставник, автор на дела и фотокомпозиции како и на научни трудови, член и замаеник претседател на Украинската академија за уметностите. Маријан Хандверкер (роден 1944) режисер
Збратимени градови Анталија, Турција. Манчестер, Обединето Кралство.
Наводи
Литература Bozdaqtar. Taldyqorghan oblysy, 1995, ISBN 5-89800-067-4
Надворешни врски Taldykorgan Portal of Taldykorgan 2007 Soccer team
Категорија:Градови во Казахстан Категорија:Населени места во Жетисуската Област