Есик (, понекогаш запишано и како Исик, Јесик) е град во Алматинската Област во Казахстан, административен центар на округот Енбекшиказах. Сместен е на реката Исик, на подножјето на Тјеншан, 53 км источно од Алмати и 112 км од езерото Исик-ќол. Население:

Основан е од козаците во 1858 под името Надеждинскаја станица. Исик Курган и познатиот „златен човек“ се во близина.

Блиското езеро Исик (не е големото езеро Исик-ќол во Киргистан) е познато по тоа што е создадено како резултат на лизгање на земјиштето кое ја преградило долината, за подоцна да биде уништено од уште едно лизгање на земјиштето во 1963 година, при што последици имали самиот град Есик, за повторно да биде создадено од човекот.

Американски мировни сили

Есик бил домаќин на 20-тата група на Американските мировни сили OCAP (Organization and Community Assistance Program), доброволци во Казахстан кои тука го имале почетниот тренинг. 20 семејста ги здомиле доброволците за периодот од 3 месеци, почнувајќи од нивното пристигнување во земјата во август 2008 година.

Наводи

Категорија:Населени места основани во 1858 година Категорија:Населени места во Алматинската Област