Долна Рибница — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Долна Рибница се наоѓа во планинска област. Селото се наоѓа на јужните падини на планината Огражден, по течението на Рибничка река. Селото се наоѓа на 13 километри северозападно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа . Селото се наоѓа на надморска висина од 613 метри. Климата е преодносредоземна, со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 600 мм. Селото е погодна почетна точка за искачување кон врвот Маркови Кладенци (1.523 м), од каде започнува обележана патека до врвот.
Историја
Османлиско Царство
Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Рибница. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 20 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 643 – 645.. Според легендата, името на селото потекнува од поранешните рибници на реката Рибница. Денешното село Долна Рибница на местото каде денеска се наоѓа, било основано во 18 век. Во 1865 година во селото било отворено училиште на грчки јазик. Од 1874 година во училиштето се предавало на бугарски јазик.
мини|Гробот на Мануш Георгиев над село Долна Рибница.
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рибница (Ribnitza) е село со 80 семејства и 290 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 750 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1088 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..
Селото е познато по тоа што на 7 февруари 1908 година во месноста Трнка во близина на селото, во борба со турскиот аскер загинал Мануш Георгиев, македонски револуционер. Заедно со него загинале 22 четници и малешевскиот војвода Васил Скендеров.
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, шест лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 875.
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1929 година на местото на битката на един километар северно од селото бил изграден спомен-костурница во спомен на хероите. Денеска, месноста се нарекува Манушов гроб.
Општествени установи Црква "Свети Димитрија" - изградена е во 1871 година во центарот на селото. Прогласена е за споменик на културата. Основно училиште "Св.Св. Кирил и Методиј" - затворено 2008 година. Читалиште "Мануш војвода". Паметен знак на војводата Мануш Георгиев
Редовни настани Секоја година на 2 август - Илинден по стар стил се одржува традициониот собор на селото.
Личности мини|Мануш Георгиев Мануш Георгиев (1881 - 1908), македонски револуционер; Михаил Вардев (1881 - 1908), македонски револуционер; Стојан Трнаџиев (1886 - 1908), македонски револуционер; Тома Митов (1882 - 1908), македонски револуционер. Костадин Ангелов, член на Македонско-одрински доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 30, 35 Јанко Стаменов (? – 1908), селски војвода, кој загинал заедно со 22 комити кај селотоНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 154.
Наводи
Категорија:Села во Пиринска Македонија Категорија:Општина Петрич