Драган Павловиќ Латас (р. во ) — македонски телевизиски водител и новинар од српска народност. Тој бил главен и одговорен уредник на телевизија Сител од 1997 година до 2018 година и на дневниот весник „Вечер“ во периодот 2006–2012. Латас е член на Македонската асоцијација на новинари (МАН) и бил нејзин генерален секретар во два мандати (2002–2007 и 2011–сѐ уште). Латас во 2004 година, е основач на Порталот „Вечер". Тој бил колумнист и соработник на порталот Платформа.мк меѓу 2025-2026 година.

Животопис Кариерата ја започнал во „Млад борец“ (1980–1984), а бил и соработник на белградскиот младински весник „Младост“. Работел во неделникот „Фокус“ извесен период по неговото основање во 1995 година. Завршил економски науки на универзитетот во Белград, а има дипломирано и политички науки на универзитетот ФОН во Скопје во 2005 година. Магистрирал и докторирал на Европскиот универзитет во Скопје, каде работел како професор од 2012 година.Македонска енциклопедија (втор том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1103Добитник е на пет награди за новинар на годината во Македонија за 1995, 1998, 2000, 2001 и 2002 година. Тој е проектен менаџер на Вечер.мк, Време.мк, Весник.ком и Вести.мк.

Латас бил осудуван од новинарската фела во Македонија поради неговиот непристоен речник и кршење на етичкиот кодекс на новинарите.Најгласниот мегафон на Груевски никогаш никого не наклеветил, ниту навредил!? Фокус (13 август 2010) Во интервју на Сител во 2016, Латас на Зоран Заев, претседател на СДСМ, му рекол дека е „изрод“ и дека „лаже како Турчин“. На однесувањето на Латас реагирале турската амбасада во Македонија и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), велејќи дека ги навредил Турците во Македонија и дека создава искривена слика за новинарството.Медиумите губитници во мечот Латас–Заев Утрински Весник (11 февруари 2016)

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во 2017 година, ја отворило истрага „Тотал“ во која го сомничела Латас за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“. СЈО го товари дека во периодот 2008–2015 тој давал лажни податоци во завршните сметки на фирмите за да одбегне плаќање данок со што го оштетил државниот буџет за 63 илјади евра како физичко и 121 илјади евра како правно лице.СЈО отвори 4 нови истраги, една е за фирмите на Латас Бриф.мк (23 март 2017) Латас исто така преку фактури на фирмите набавувал персиски теписи, рачен часовник, душеци и други предмети за лична употреба.Латас за луксузни душеци и брајтлинг затаил 164 илјади евра СДК.мк (23 март 2017)

Наводи

Надворешни врски www.vecer.mk www.vesnik.com www.vreme.mk

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Македонски Срби Категорија:Македонски универзитетски професори