Горно Бунарбаши ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Άνω Κεφαλάρι — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри јужно од градот Драма и на 7 километри јужно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 104 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 120 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 125 жители.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Ано Кефалари.

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 83 грчки семејства со 304 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 389 лица, додека во 1940 година селото броело 659 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 659 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 460 жители, во 1971 година имало 498 жители, во 1981 година имало 383 жители, додека во 1991 година имало 381 жител. Денеска, населението на селото е 339 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Доксат