Роберт Поповски () — македонски новинар кој дипломирал новинарство на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Кариерата ја започнал во 1985 година, во скопската рубрика на дневните весници „Нова Македонија“ и „Вечер“. Потоа во 1987 продолжил во Македонската радио-телевизија (МРТ) како водител на вестите. Тој 1990-тите бил уредник на вести во телевизиите Сител и Телма, а истовремено водел и ТВ емисии за политичка анализа. Поповски бил главен и одговорен уредник на телевизијата Канал 5 во периодот 2002–2006 година, а долги години ја водел дебатната емисисија „Икс-нула“ на истата телевизија. Бил претседател на Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) во периодот 2006–2010 година, а во 2013 година, тој бил назначен за директор на центарот за комуникации на СДСМ. Во 2017 година, тој бил именуван за министер без ресор во владата на Република Македонија.Роберт Поповски ќе го советува Зоран Заев Press 24 (12 јуни 2013)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски водители Категорија:Македонски политичари Категорија:Југословенски новинари Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Министри без ресор на Република Македонија