Блерим Беџети (роден на година во село Глумово, Скопско) — македонски правник, адвокат и политичар.

Животопис

Блерим Беџети е роден на година во село Глумово, Скопско. Дипломирал на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет. Помеѓу 2002 и 2005 година работел во Министерството за правда на Република Македонија. Од 2006 до 2009 година бил пратеник. Во периодот 2006-2008 бил член на Законодавно-правната комисија и Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање. Од 2008 до 2009 година бил претседател на Комисијата за прашањата на локалната самоуправа. Во периодот 2009-2011 година бил градоначалник на Општина Сарај, поради која функција се откажал од функцијата пратеник. Во периодот од 28 јули 2011 до 19 јуни 2014 година бил Министер за правда на Македонија.

Надворешни врски Собрание на Република Македонија

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политичари Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Министри за правда на Република Македонија Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Апсолвенти на Приштинскиот универзитет