Арп 273 — пар заемоделувачки галаксии на далечина од 300 милиони светлосни години, во соѕвездието Андромеда. За првпат се заведени во Атласот на необични галаксии составен од американскиот астроном Халтон Арп во 1966 г. Поголемата галаксија UGC 1810 е петпати помасивна од помалата. Дискот ѝ е плимно изобличен налик на роза од гравитациската влеча на нејзината придружна галаксија — UGC 1813. Помалата галаксија покажува јасни знаци на ѕвездородност во јадрото, и се смета дека помалата всушност има поминато низ поголемата
Наводи
Надворешни врски
Симбад: Арп 273
Слика со информации за размер и компас и местоположба
01810 0273 08961 Категорија:Астрономски тела откриени во 1966 година Категорија:Пречкести спирални галаксии Категорија:Непречкести спирални галаксии Категорија:Заемоделувачки галаксии Категорија:Андромеда (соѕвездие) Категорија:MCG-објекти