Света Петка — главна селска црква на валандовското село Марвинци, Македонија.
Местоположба
мини|300п|лево|Историска фотографија на црквата од 1931 година
Црквата се наоѓа на рид над селото, до која води земјен пат.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта на Марвинци.
Историја
Според народното предание, првобитната црква во селото била подигната во втората половина на век. Нејзин градител бил познатиот неимар од селото Тресонче, Андон Китанов.
Но, во 1913 година била запалена од грчките андарти и изгорела. Повторно, била изградена во 1926 година на местото на старата црква.
За несреќа, во 1931 година била разурната од катастрофалниот Валандовски земјотрес, но со помош на верниците од селото, повторно била обновена.
Архитектура
Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со дрвени рамни тавани, со нартекс на западната страна и со полукружна олтарна апсида на источната страна.
Иконостас
Црквата има голем иконостас, долг над десет метри, изработен во 1927-1928 година. Царските двери потекнуваат од 1928 година, а иконите од 1927 година.
Галерија
Поврзано Марвинци Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Валандовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Марвинци Марвинци Категорија:Дела на Дебарската школа