Железо-дефициентна анемија или сидеропенична анемија се јавува поради недостиг на железо во организмот. Како резултат на тој недостиг се нарушува создавањето на хемоглобинот.
Симптомите кои ги предизвикува се: замор, слабост, омалаксаност, бледило на кожата, вртоглавици, главоболки и др.
Железо-дефициентната анемија вообичаено е предизвикана од губиток на крв, намален внес на железо преку исхраната или намалена апсорпција на железото во дигестивниот тракт.
Во 2015 година околу 1.48 милијарда луѓе имале железо-дефициентна анемија. Недоволен внес на железо преку исхраната се смета дека е причинител на приближно половина од случаите. Жените и малите деца се најчесто погодени. Во 2015, анемијата поради дефицит на железо резултирала со околу 54,000 смртни случаи – што е намалување во споредба со 213,000 смртни случаи во 1990 година.
Наводи
Категорија:Болести на крвта Категорија:Метаболизам на железото