мини|Гејша во формално црно кимоно и перика.
Гејша (), гејко (芸子) или гејги (芸妓) — традиционал јапонски забавувач од женски пол, чии вештини вклучуваат изведба на различни јапонски уметности, како што се музика, танцување и поезија. Некои веруваат дека гејшите се проститутки, но тоа сепак е погрешно. Терминот „гејша“ е составен од 2 јапонски збора (геи) што значи уметност и 者 (ша) што значи „личност што прави“ или „се занимава со...“. Најбуквален превод на зборот гејша е уметник. Гејшите се многу почитувани и тешко е да се стане гејша.
Првите женски гејши се појавиле во 1751 г. Дотогаш гејшите биле мажи, забавувачи на гости. Дури подоцна професијата станала женска.
Современите гејши сѐ уште живеат во традиционалните куќи за гејши наречени „окија“ (置屋) во квартови наречени ханамачи ( „цветни градови“). Сепак, постарите гејши кои се успешни поседуваат своја куќа. Според зборовите на славната гејша Минеко Ивасаки „гејшата е како цвет, убава на свој начин, и како врба,грациозна, флексибилна и силна.“
Во Јапонија гејшата се смета за културна икона.
Поим Зборот гејша, како и сите именки во јапонскиот јазик, нема посебни форми за еднина и множина. Зборот е составен од две канџи, 芸 (геи), што значи „уметност“ и , 者 (ша) што значи „личност“ или „оној што прави“. Според тоа зборот „гејша“ би бил „уметник“ или „уметник на изведба“. Друго име за гејша кое што се употребува во Јапонија е гејко, со кое обично се нарекуваат гејшите од западна Јапонија, вклучувајќи го и Кјото. Гејшите почетнички се нарекуваат маико (舞子 или 舞妓) во буквален превод значи дете на танцот или хангиоку, (半玉) -полускапоцен камен - што значи дека тие се платени за половина помалку од целосната гејша, или со побуквалниот термин о-шаку, (御酌),што во буквален превод означува оној што налева (алкохол). Белата шминка, детално украсеното кимоно и фризура на една маико е вистинската претстава за поимот гејша. Жената која влегува во заедницата на гејшите не мора да започне како маико и има можност да ја започне својата кариера како целосна гејша. Се смета дека жената над 21 година е премногу возрасна за да биде маико и станува целосна гејша по нејзиното влегување во заедницата на гејшите. Меѓутоа, тие што поминуваат низ фазата на маико уживаат поголем престиж подоцна во нивните професионални животи.Во Кјото се наоѓаат единствените современи хангиоку коишто можат да започнат со учење пред да наполнат осумнаесет години. На тој начин, во просек, хангиоку во Токио (кои обично започнуваат на возраст од 18 години) се малку повозрасни од нивните современички во Кјото (кои обично започнуваат на 15 години). Од историски аспект, гејшата често ја започнува најраната фаза на нејзината обука на најмала возраст, понекогаш дури и на возраст од 3 или 5 години. Раните фази на обучување на гејшата, шикоми (служител) и минараи (почетник набљудувач) траеле со години, што е значително подолго отколку во денешно време. лево|мини|280x280пкс|Двете канџи на зборот гејша
Историја
Потеклото
Во раните периоди на јапонската историја постоеле женски забавувачи: сабуруко (девојки што служат) најчесто биле девојки чиишто семејства биле раселени поради битките во доцните 600-ти. Некои од овие сабуруко девојки ги продавале нивните тела, додека други кои биле подобро образовани заработувале за живот како забавувачи на собири од висока класа. Откако империскиот суд во 794 година го поместил главниот град во Хеиан-кио, градот станал дом на елита која е опседната со убавина и се создале услови за формирање на културата на гејшите. Се појавиле вешти изведувачки, како што се танчерките ширабуоши. Традицонална Јапонија нудела сексуални задоволства (тоа не е табу) и мажите не се труделе да им бидат верни на своите жени. Идеалната сопруга била скромна мајка и раководител на домот и, според обичаите на Конфуциј, љубовта имала споредна важност. За сексуално уживање и романтични моменти, мажите не оделе кај нивните жени, туку кај куртизаните. Во 16 век се изградени квартови опкружени со ѕидови, а во 17 век биле изградени шогунате - квартови на задоволство -во кои иујо („танчерки“) биле класифицирани и лиценцирани, а проституцијата надвор од нив била нелегална. Највисока класа на иујо биле претходничките на гејшите, наречени ојран, комбинација од глумица и проститутка, кои на почетокот настапувале на сцени поставени во сувото речно корито на Камо во Кијото. Тие изведувале еротични танци и пародии, а оваа нова уметност била именувана како кабуку, со значење „да бидеш див и скандалозен“. Танцовите биле наречени кабуки, а тоа го означило почетокот на кабуки театарот.
Појавувањето на гејшите во 18 век мини|Гејша од 1800 и 1833 Овие квартови на задоволство набрзо се претвориле во гламурозни центри за забава и нуделе повеќе од секс. Високо образованите куртизани од овие области ги забавувале нивните клиенти со танцување, пеење и свирење. Некои биле познати поети и калиграфи. Со текот на времето, секоја од нив била специјализирана и се појавила новата професија која имала чисто забавен карактер. Првите забавувачи од квартовите на задоволството, наречени гејши, се појавиле пред крајот на осумнаесеттиот век. Првите гејши биле мажи кои ги забавувале своите клиентиLiza C. Dalby, Geisha додека чекале да ги видат најпопуларните и талентирани куртизани (оиран). Предвесници на женските гејши биле тинејџерите одорико (девојки кои танцуваат): скапо-обучени за да бидат девствени танчерки за изнајмување. Во 80-тите години од 17 век, тие биле популано платени забавувачи во приватните домови на високата класа на самураи, иако многу од нив до почетокот на XVIII век се насочиле кон проституцијата. Оние коишто не биле повеќе тинејџерки (и кои не можеле да се облекуваат во стилот на одорико) присвоиле други имиња – едно од нив било „гејша“, според машките забавувачи. Првата жена се нарекла гејша во 1750 година и била проститутка Фукагава. Таа била вешта пејачка и танчерка-шамисен, наречена Кикуја, која претставувала невиден успех, со што ги направила неверојатно популарни женските гејши од Фукагавите од 1750 година. Како што се распространувале во 60-тите и 70-тите години од 18 век, многу од нив почнале да работат само како забавувачки (наместо проститутки)Seigle (1931) p. 172-174
Развојот на културата на гејшите
Гејшата коишто работеле во квартовите на задоволството во суштина биле затворани и строго им било забрането да продаваат сексуални услуги, со цел да се заштити бизнисот на оиран - јапонските проститутки. Додека куртизаните постоеле за да ги задоволат сексуалните потреби на мажите, гејшите биле уметнички и начитани придружнички. До 1800 година, да се биде гејша било женско занимање (иако сѐ уште има машки гејши кои работат денес.) До 1830 година, создадениот стил на гејша бил подрржан од современи жени низ општеството . Постоеле многу различни класификации и рангирања на гејшите. Некои жени имале секс со своите муштериите, додека други ги забавувале строго со своите уметнички форми. Проституцијата била легална до 1900-тите и се практикувала во многу квартови низ Јапонија. лево|мини|Гејша со друштво на американски стопанственик во квартот Гион во Кјото Втората светска војна довела до пад на уметноста на гејшите, бидејќи голем дел од жените морале да работат во фабриките или да одат на други места за да работат за Јапонија. Исто така, името на гејшата го загуби статусот во тој период, бидејќи пред американските војници проститутките почнале да се нарекуваат себеси „geisha girls“. Во 1944 година, сѐ што припаѓало на светот на гејшите било принудено да се затвори, вклучувајќи ги чајџилниците, баровите и куќите, а сите вработени морале да работат во фабриките. После една година подоцна, дозволено им било повторно да отворат. Малиот дел од жените кои останале да бидат гејши одлучиле да го отфрлат влијанието на Западот и да им се вратат на традиционалните начини на забава и живот. Сликата за гејшите е формирана за време на феудалното минато на Јапонија и ова е сликата што тие мораат да ја одржат за да останат гејши. Откако Јапонија ја изгуби војната, гејшите станале помалубројни и професијата почнала да губи од својата вредност. Кога тие повторно се собрале во 60-тите години од XX век, за време на повоениот економски бум на Јапонија, светот на гејшите се променил. Во современа Јапонија, девојките не се продавале за договорени услуги, ниту пак биле придудени да влезат во сексуални врски а сексуалниот живот на гејшата е нејзина приватност.
Пред војната, девственоста на маико се ставала на аукција (во оригинал „мизуаге“), page 184 page 234 – тоа било забрането во 1959 година, но било сосема нормално во 90-тите години од 20 век, а било настан „на ограничена основа“ во 2001 година.
Рангирање
мини|Влез во Иширики Шаја, една од најпознатите чајџилници за забава со гејши во ГионНа врвот на сложениот систем за рангирање на гејшите се наоѓаат големите дами од Кјото. Гокагаи од Кијото се неговите пет области на гејши The total number of Kyoto geisha had declined to 196 by 2007 (and 77 maiko); see: , исто така познати како ханамахи („градови на цвеќињата“). Гион Кобу, Понтохо и Камишихикен го имаат највисокиот статус; тие се многу скапи и се посетувани од моќни стопанственици и политичари (често се смета дека Гион Кабу го има највисокиот ранг)Dalby—Geisha 2008 p. 17–18. Другите гејко од другите два ханамахи (Гион Хигаши и Мијагава-хо) имаат висок престиж, но се смета дека се еден ранг подолу. Од другата страна на спектарот се гејшите од жешките извори. Овие гејши работат во спа-одморалиштата и поголемиот дел од Јапонците ги изедначуваат со обичните проститутки. Обично тие се грижат за далеку понеекслузивни господари и се многу поевтини. Ако нивниот приход се надополни со продавање на сексуални услуги, тие се значително поразлични од обичните проститутки; како и сите гејши, тие се обучени според уметноста на јапонските танци и музика. Сепак, гејшите ханамахи се ужаснуваат доколку се категоризирани заедно со гејшите од жешките извори.
Обука
Традиционално, гејшите започнуваат со нивната обука на многу мала возраст. Некои девојки се поврзан со куќите на гејшите (окија) уште како деца. Овие девојки се нарекувале хангиоку и имале околу девет години. Тоа не беше случај на угледните области и исчезна во 50-тите години од 20 век со забраната на детскиот труд. Ќерките на гејшите често и самите се одгледувани како гејши, обично како наследници (атотори, што значи „наследник“) или улога на ќерка (мусуме-бун) на окија.
Маико
Маико во суштина е ученик и според тоа е врзана со договор за нејзината окија. Окијата ја снабдува со храна, кимона, оби, и други средства за нејзиниот занает. Нејзината обука е многу скапа, а нејзиниот долг мора да ѝ биде отплатен на окијата со нејзината заработка. Оваа отплата може да продолжи и откако маико ќе стане целосно развиена гејша и тогаш само откако нејзините долгови ќе бидат подмирени таа има дозвола да се исели за да живее и работи независно.
Фази на обуката на маико Маико ја започнува нејзината формална обука за работата како минараи, што во буквален превод значи „учење со гледање“. Пред да го направи ова, таа мора да најде онее-сан („постара сестра“: постара гејша која ќе ја има улогата на нејзин учител). Онее-сан ја има одговорноста да ја донесе на озашики, за да седи и да гледа како онее-сан работи. Ова е начинот на којшто таа ќе има увид за работата и ќе бара можни клиенти. Иако минараи се присутни на озашики (банкети на кои гостите ги послужува гејша), тие не учествуваат на повисоко ниво. Нивното кимоно, понакитено од кимоното на маико, зборува наместо тие. Минараи може да биде изнајмена за забави, но обично не се поканети (сепак добредојдени) гости на забавите на кои присуствуваат нивните онее-сан. Тие наплатуваат само една третина од обичниот бакшиш. Минараи обично работи со одредна чајџилница (минараи-јаја) и учи од окаа-сан (во буквален превод „мајка“, сопственичката на куќата). Од неа, тие учат техники како што се разговор и играње игри, кои не ги учат на училиште. Оваа фаза трае околу еден месец. мини|Две маико изведуваат танц.