мини|Српскиот конзулат на Широк Сокак мини|Српскиот конзулат во Битола во 1899 година Српски почесен конзулат во Битола — дипломатско претставништво на Србија во Битола. Конзулатот се наоѓа на ул. Широк Сокак бр. 91.

Историја Српскиот конзулат во Битола бил отворен во 1889 година како последица на конзуларната конвенција меѓу Кралството Србија и Османлиското Царство. Конвенцијата подразбирала отворање на српски конзулати во Косовскиот, Солунскиот и Битолскиот Вилает, односно во Скопје, Солун и Битола. Конзулатот почнал со работа на 9 мај 1889 година со задача да ги штити интересите на Србите во оваа област, како и да работи на отворање на српски училишта. Прв конзул бил Димитрије Боди.Славенко Терзић, Историјски часопис LVII (2008) 327-342 .

мини|Извештај на конзулот Михаило Ристиќ до министерот на надворешни работи за настаните во Битолскиот Вилает по Илинденското востание. (Битола, 29 јули, 1903 година)

Конзули + Име Година 1. Димитрије Боди (1889 – 1895) 2. Миливоје Васиљевиќ (1895 – 1896) 3. Милојко Веселиновиќ (1897 – 1899) 4. Михаило Ристиќ (1899 – 1903) 5. Светислав Станојевиќ (1903 – 1907) 6. Живојин Балугџиќ (1907) 7. Љубомир Михаиловиќ (1907 – 1912)

Дипломатски претставници во Битола

Поврзано Српски конзулат во Скопје Српски конзулат во Приштина Српски конзулат во Солун

Наводи

Категорија:Битола Категорија:Кралство Србија Категорија:Дипломатски претставништва на Србија