thumb|right|250px|Печат на Народниот театар во Скопје.
Скопски народен театар — драмски театар основан од страна на бугарската држава, кој работел за време на бугарската окупација на Македонија (1941 - 1944) во Скопје за време на Втората светска војна од 1941 до 1944 година.
Историјат Театарот бил основан од Министерскиот совет, со документ од 1 јули 1941 година. За директор на театарот бил назначен со указ на цар Борис III, Стоил Стоилов. За режисери биле поставени Стефан Срчаџиев и Александар Иконографов, а за секретар-драматург – Петар Горјански.
Во текот на 1942 година, со Законот за театрите, добива статус Народен театар. Театарот организирал курс за драмски артисти, а предавачи биле Стоил Стоилов, Александар Иконографов, Стефан Сорчаџиев, Петар Горјански и Теодор Трајанов. Театарот прикажувал претстави во Брно, Прага, Букурешт, Белград, Љубљана, Загреб, Куманово, Крива Паланка, Штип, Битола, Велес. На 5 јуни 1944 година, се давала последната претстава на театарот, а потоа театарот бил распуштен.
Драмскиот ансамбл:
Р.бр. Име Р.бр. Име Р.бр. Име Р.бр. Име 1 Милка Ерато 11 Евгенија Громова 21 Веса Кортенска 31 Павлина Попова 2 Петко Атанасов 12 Христо Динев 22 Иван Куманов 32 Георги Попов 3 Светослав Атанасов 13 Бојанка Донева 23 Веселана Манафова 33 Кирил Попов 4 Иван Бакалов 14 Кирил Донев 24 Марта Мјанкова 34 Љубен Попов 5 Васил Бакарџиев 15 Цвета Иванова 25 Тодор Николов 35 Штиљан Попов 6 Пенка Василева 16 Екатерина Кожухарова 26 Розка Петрова 36 Петар Прличков 7 Владимир Ватев 17 Рајна Колева 27 Идеал Петров 37 Вичо Рајков 8 Георги Георгиев 18 Вера Константинова 28 Никола Попиванов 38 Александра Тагарова 9 Љубен Георгиев 19 Стефка Кортенска 29 Добринка Попова 39 Енчо Тагаров 10 Георги Громов 20 Стефан Кортенски 30 Емилија Попова 40 Ана Трифонова 41 Константин Хаџиминев 42 Димитар Костаров
Театарски претстави Во текот на театарската сезона 1941/1942 г., театарот имал 262 изведби со вкупен број од околу 106.801 посетители. Освен театарските претстави, во театарот се одржувале и уметнички и литературни вечери.Културно-просветна политика на Бугария во Вардарска Македонија, 1941 – 1944 г. (бугарски јазик)
Галерија
Наводи
Категорија:Театри во Скопје Категорија:Историја на Скопје