Није љубав ствар (српски: Није љубав ствар или Nije ljubav stvar), во превод: Љубовта не е Објект) е песна на српскиот пејач, Жељко Јоксимовиќ како уште една од неговите познати балкански балади. Тоа била српската песна за Евросонг 2012 во Баку, која завршила на третото место.На официјалната страница на Евровизија

Стиховите биле напишани од страна на Марина Туцаковиќ и Милош Рогановиќ, додека песната е составена од Јоксимовиќ. Со оваа песна Јоксимовиќ по вторпат настапил на Евросонг; за првпат, во 2004 година, претставувајќи ја Србија и Црна Гора со песната „Лане моje“. И тогаш исто така, завршил на третата позиција како композитор, додека во 2006 година ја искомпонирал песната на Хари Мата Хари „Лејла“, која ја претставувала Босна и Херцеговина и завршила трета.

Наводи

Категорија:Песни за Евровизија