Фазна модулација (ФМ) – вид модулација која ги спрема комуникациските сигнали за пренос. Таа ги кодира сигналите како промени во моменталната фаза на носечкиот бран. Фазната модулација е една од двата главни облици на агловата модулација, заедно со честотната модулација.
Фазата на носечкиот сигнал е модулиран така што ја следи промената на нивото на сигналот (амплитудата) на сигналот на пораката. Врвната амплитуда и честотата на носечкиот сигнал се одржуваат константни, но како што се менува амплитудата на сигналот на пораката, соодветно се менува фазата на носителот.
Фазната модулација нашироко се користи во радиопреносот и е интегрален дел од многу дигитални преносни кодирања на кои се засноваат бројни технологии како Wi-Fi, ГСМ и сателитска телевизија.
Теорија 250px|мини|десно|Модулирачкиот бран (син) го модулира носечкиот бран (црвен) што резултира со фазно модулиран сигнал (зелен). g(x) = π/2 * sin(2*2πt+ π/2*sin(3*2πt))
Фазната модулација го менува фазниот агол на комплексната анвелопа правопорционално на сигналот на пораката.
Ако m(t) е сигналот на пораката кој треба да се пренесе, а носителот на кој сигналот е модулиран е ,
тогаш модулираниот сигнал е
Ова покажува како ја модулира фазата – колку што m(t) е поголем во одредена временска точка, толку е поголемо фазното поместување на модулираниот сигнал во таа точка. Истото може да се гледа и како промена на честотата на носечкиот сигнал, а фазната модулација да се смета како специјален случај на честотната модулација при која честотната модулација на сигналот е дадена со временски извод од фазната модулација
Тука модулацискиот сигнал може да биде
Математиката на спектралното однесување открива дека постојат две области од особен интерес: За сигнали со мала амплитуда, фазната модулација е слична со амплитудната модулација и покажува некакво непогодно удвојување на ширината на основниот опсег и слаба ефикасност. За еден единствен голем синусоиден сигнал, фазната модулација е слична на честотната модулација, а ширината на нејзиниот пропусен опсег е приближно , каде and е индексот на модулација.
Поврзано Модулација Аглова модулација Амплитудна модулација Автоматска честотна контрола
Литература Electronic Communication Systems, Fundamentals Through Advanced, 4th edition, Wayne Tomasi, ISBN 0-13-022125-2
Категорија:Модулации Категорија:Телекомуникации