Белорускиот јазик (кирилица: беларуская мова, латиница: biełaruskaja mova) или поретко именуван како белорутенски јазик, е источнословенски јазик и мајчин јазик на Белорусите. Белорускиот јазик е службен јазик во Белорусија, каде се наоѓаат најголемиот број белоруски говорници, но јазикот се зборува и во Русија, Полска, Украина и меѓу останати белоруски заедници во дијаспората.Ethnologue. Белорускиот јазик се служи со белоруската азбука која е заснована на кирилицата, но јазикот може да се пишува и со латиничната белоруска азбука. Овој јазик го зборуваат од 4 до 9 милиони жители во светот. Белорускиот јазик споделува јазични одлики со рускиот и украинскиот јазик.

Според пописот во Белорусија од 1999 година, белорускиот јазик е „јазик кој се зборува дома“ од околу 3.686.000 белоруски граѓани или 36.7% од вкупното население.Од овие само 41.3% се Белоруси. Според истиот попис, 85.6% или 6.984.0000 од Белорусите се изјасниле дека белорускиот им е мајчин јазик. Според други извори, 6.715.000 луѓе во Белорусија и 9.081.102 во остатокот од светот зборуваат белоруски.(Johnstone and Mandryk 2001) as cited on Ethnologue. Според истражување извршено од белоруската влада во 2009 година, 72% од Белорусите зборуваат руски по дома, додека белорускиот се зборува од само 11.9%. Според истото истражување, 29.4% од Белорусите можат да пишуваат, читаат и зборуваат белоруски, додека остатокот можат само на читаат и зборуваат белоруски.

Потекло на поимот

Денес постојат различни имиња со кои се именува јазик или пак се именувал низ историјата. Некои од нив се сосема различни од стандардното именување на јазикот, особено тие кои се однесуваат за старобелорускиот период.

Официјално Белоруски (беларуская) - е името на јазикот кое се користи во македонскиот јазик и доаѓа од името на државата. По истиот принцип се именува јазикот и од самите Белоруси. Бјелоруски (белорусский) - е име кое се користело за транскрипција во останатите јазици и потекнува од рускиот назив за белорускиот јазик. Денес, вака се именува во рускиот јазик и низ историјата. Не се користи во македонскиот јазик. Белорутенски - алтернативно име за јазикот.

Алтернативни имиња Големолитвански () – предложен и користен назив од Јан Станкиевич уште од 1960-те. Кривиски (, ) – според словенското племе Кривичи, едно од главните племиња кои ја формирале белоруската нација. Терминот е создаден во 19 век.

Останати Едноставен () или локален () – термини кои се користеле во врмето пред модерното оформување на белоруската нација. Едноставен црнорутенски () – термин кој се користен на почетокот на 19 век од рускиот истражувач Барановски.Acc. to: Улащик Н. Введение в белорусско-литовское летописание. – М., 1980.

Историја

Денешниот белоруски јазик бил повторно основан (оживеан) врз основа на говорни остатоци од старобелорускиот јазик. Овие остатоци биле мали дијалекти кои преживеале на територијата на Белорусија. До крајот на 18 век, старобелорускиот јазик бил сè уште присутен меѓу белоруската аристократија во Големото војводство Литванија Јан Чечот, познат белоруски поет и полски аристократ, изјавил дека дури и дедовците од неговото време зборувале на старобелоруски.[Dovnar 1926] Ch. XVII Sec.1 Како секојдневен, разговорен јазик, белорускиот се користел во помалите градови и во селските средини. Покрај разговорната употреба, јазикот се користел и за усните преданија и за потребите на фолклорот.

мини|лево|Речник на белоруското наречје (1870) од Иван Насович е првиот речник на современ белоруски Развојот на современиот белоруски јазик во 19 век бил под силно влијание на политичкиот конфликт на териториите на Големото војводство Литванија меѓу руските империјалисти и полската аристократија[Dovnar 1926] Ch. XXII Sec.1 p.507 Една од главните манифестации на овој конфликт била борбата за идеолошка контрола врз образовниот систем. Полскиот и рускиот се воведувале и тргнувале од употреба, а тоа довело до слаба писменост меѓу населението.[Dovnar 1926] Ch. XV Sect. 10.

Првите две декади на 19 век биле сведоци на големиот просперитет на полската култура и јазик во рамките на Големото војводство Литванија. Тоа довело до владеење на една политичко-кулрурна ера која Адам Микиевич и Владислав Сирокомла ја опишале како „Белоруси по род - Полјаци по избор“. Во овој период биле полинизирани малите аристократски заедници, понатамошно намалување на употребата на белорускиот јазик и фолклоризирање на белоруската култура.Per (Dovnar 1926), (Smalyanchuk 2001) Поради државата, народното образование и силната полска контрола, белорускиот образовен елемент започнал да се појавува во 1880-те или 1890-те години.[Dovnar 1926] Ch. XV Sect. 7

Стандардизирана граматика

За време на XIX и XX век, не постоела стандардизирана белоруска граматика. Различните белоруски автори пишувале на стандард за кој тие мислеле дека е соодветен. Така, кај авторите, односно писателите, се увидуваат одликите на дијалектите на кои пишувале. Оваа состојба е слична со состојбата на македонскиот јазик во 19 век. Првите научни принципи за воведување и воспоставивање стандардна белоруска граматика биле воспоставени од јазичарот Јефим Карски.

До раните 1910-те години, непостоењето на кодифицирана белоруска граматика станала главна пречка за обединувачките погледи за белорускиот јазик. Во тоа време, рускиот академик Алексеј Шахматов, претседател на Одделот за руски јазик и книжевност на Санктпетербуршкиот државен универзитет, стапил во контакт во уредниците на белоруското списание „Наша нива“ и им предложил под негова супервизија да биде квалификуван еден белоруски јазичар за да може да ја подготви документацијата за белоруската граматика. Првично, познатиот белоруски поет Максим Багданович требало да ја биде дел од иницијативата на рускиот јазичар. Сепак, поради кревкото здравје на Багданович (кој бил болен од туберкулоза) бил спречен да отпатува во Санкт Петербург. Така, на негово место бил назначен Бранислав Тарашкиевич.

Голем интерес за овој процес се пројавил меѓу белоруската заедница. Така, познатиот белоруски поет Јанка Купала му испратил писмо на Тарашкиевич со кое го посоветувал „да побрза со неговата многу потребна работа“. Тарашкиевич работел на подготвувањето на граматиката за време на периодот 1912 до 1917 година. Академците Алексеј Шахматов и Јефим Карски му помогнале на Тарашкиевич при подготовките и изработката. Тарашкиевич завршил со граматиката во есента 1917 година.

Тарашкиевич се соочил со технички проблеми за печатење на граматиката, како на пример недостаток на хартија или квалификуван персонал. Во меѓувреме, сè повеќе се развила идејата за воведување на граматиката во работничките и селските училишта кои биле планирани за отворање во Белорусија. Белорускиот комитет испратил петиција до администрацијата со која се барало печатење на книгата и така, првото издание на „Белоруската граматика за училишта“ била издадена во Вилнус во 1918 година. Тарашкиевич отпатувал во Вилнус во јуни 1918 година и таму била издадена книгата.

Покрај овој значаен обид за издавање на белоруска граматика од страна на Тарашкиевич, постојат уште два други обида за кодифицирање на белоруската граматика. Балјаслав Пачопка подготвил белоруска граматика, а како основно писмо ја користел латиницата. Според Степан Нјекрашевич, граматиката на Пачопка не е научна и го игнорирала принципите на белорускиот јазик. Во 1918 година, за неодредено време, граматиката на Пачопка се користела во одреден број училишта. Покрај Пачопка, заедничка белоруска граматика издале и А Луцкиевич и Ј. Станкиевич, граматика која значително се разликувала од таа на Тарашкиевич во некои клучни аспекти.

Класификација

Јазичарите сè уште не се согласни за тоа дали белорускиот, украинскиот и русинскиот се дијалекти од еден јазик или тие се посебни словенски јазици. Овој проблем настанал поради големата сличност меѓу овие јазици.Alexander M. Schenker. 1993. "Proto-Slavonic," The Slavonic Languages. (Routledge). Pp. 60-121. Pg. 60: "[The] distinction between dialect and language being blurred, there can be no unanimity on this issue in all instances..."C.F. Voegelin and F.M. Voegelin. 1977. Classification and Index of the World's Languages (Elsevier). Pg. 311, "In terms of immediate mutual intelligibility, the East Slavic zone is a single language."Bernard Comrie. 1981. The Languages of the Soviet Union (Cambridge). Pg. 145-146: "The three East Slavonic languages are very close to one another, with very high rates of mutual intelligibility...The separation of Russian, Ukrainian, and Belorussian as distinct languages is relatively recent...Many Ukrainians in fact speak a mixture of Ukrainian and Russian, finding it difficult to keep the two languages apart..." Овие јазици се дел од источнословенските јазици и тие се потомци на еден заеднички јазик. Белорускиот, украинскиот и русинскиот се класифицираат како посебни јазициBernard Comrie and Greville G. Corbett, ed. 1993. The Slavonic Languages (Routledge).Ethnologue, 16th edition.Bernard Comrie. 1992. "Slavic Languages," International Encyclopedia of Linguistics (Oxford). Vol. 3, pp. 452-456.. Белорускиот јазик споделува најмногу случности со украинскиот јазик.Roland Sussex, Paul V. Cubberley. (2006). The Slavic languages . Cambridge: Cambridge University Press. pg. 518

Дијалекти

Белорускиот јазик е составен од две големи дијалектни групи, североисточни и југозападни дијалекти. Додатно на овие два, постојат и транзиционите средни дијалекти и западните палиски дијалекти.

Северозападниот и југозападниот дијалект се поделени со замислената дијалектолошка граница Ашмјани-Минск-Бабрујск-Хомел. По оваа граница се протегаат средните дијалекти на белорускиот јазик.

Североисточните дијалекти се главно окарактеризирани со присуството на „меко р“ и силна редукција на самогласки. Југозападните дијалекти се главно окарактеризирани со присуството на „силно р“ и средна редукција на самогласки.

Западните палиски дијалекти лингвистички се поразлични од останатите белоруски дијалекти и се поблиски со украинскиот јазик од повеќе аспекти. Овие дијалекти се одделуваат од останатите со замислената дијалектолошка граница Пружани-Ивацевичи-Телехани-Лунинјец-Столин.

Правопис