Мета-анализа е статистичка анализа која ги комбинира резултатите на повеќе научни студии.
Историја Историските корени на мета-анализата датираат од астрономски студии од 17 век, додека студија објавена во 1904 од статистичарот Карл Пирсон во British Medical Journal во која тој собирал податоци од неколку студии за тифусна инокулација може да биде разгледувана како прва употреба на мета-аналитичен пристап користен со цел собирање на исходи од повеќе клинички студии.
Предности Предности на мета-анализата се: резултатите можат да бидат генерализирани на поголема популација, прецизноста и точноста на проценките можат да бидат подобрени со користење на поголем број на податоци, неконзистентноста на резултатите од различни студии може да биде квантифицирана и анализирана.
Наводи
Категорија:Емпиризам Категорија:Статистичка анализа