Јаков Стобиски (световно име Мирослав (Мики) Милчевски, роден во на ) — македонско свештено лице и викарен епископ на Митрополитот струмички Наум, со титула Полјански, и подоцна, со титула Стобиски.
Животопис Јаков е роден на 23 ноември 1983 година во Куманово. Во 2004 година дошол во Струмица како искушеник. Замонашен во 2005 година од страна на Митрополитот Струмички Наум во манастирот во Водоча.
Од 2010 година, тој станал старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во струмичко Ново Село.
Во 2017 година е произведен за архимандрит во храмот „Свети Григориј Палама и свети Димитриј Солунски“, Струмица.
Дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје во 2018 година.Архимандрит Јаков Милчевски, Христологијата кај апостол Павле, 29.06.2018
Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА одлуката за хиротонија ја донел на 29 септември 2018 година. За епископ Полјански, тој бил хиротонисан на 25 ноември 2018 година, на денот на соборот на епископите, во Водочкиот манастир. Со тој чин Јаков станал 13 владика на МПЦ-ОА.Нов Владика на МПЦ-ОА е Епископот Полјански Јаков
Подоцна, во 2019 година, титулата му е сменета во Стобиски.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски епископи Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“