Не го мешајте со сегашниот клуб Тетекс 1953 кој му е духовен наследник на првичниот ФК Тетекс. Доколку сакате да прочитате за кошаркарскиот клуб, видете КК Тетекс.
ФК Тетекс — македонски фудбалски клуб од градот Тетово, Македонија. Тетекс е двократен шампион во Купот на Македонија. Во последните сезони, Тетекс своите натпревари ги игра на АМС спортскиот центар во Тетово. Духовен наследник на клубот е ФК Тетекс 1953.
Историја
ФК Тетекс бил оформен во 1953 под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс бил комбинатот Тетекс, па затоа уште се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на Љуботен претежно бил составен од играчи со потекло од Тетово, додека составот на Тетекс бил составен од играчи од Македонија и од просторите од Југославија. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Group предводена од Слободан Вујчиќ - Брацо. Клубот игра на градскиот статион во Тетово (капацитет 15.000). Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за првпат станал шампион на Купот на Македонија. Исто така, и во 2013 година пак го освоил Купот.Тетекс го освои Купот на Македонија.
На крајот на јули 2020 година, управата на Тетекс го презема второлигашот клубот Лабуништа 2011 и го преселува клубот во Тетово. Според преселбата, клубот во сезоната 2020/21 треба да го носи името Лабуништа 2011 во првата полусезона, а Тетекс 1953 во втората полусезона.
Навивачи Навивачите на ФК Тетекс се познати под името Војводи и групата е создадена во 1988. Тие уште се познати како Војводи Југ бидејќи тие се присутни на јужната трибина на натпреварите каде игра клубот. Боите на оваа навивачка група се бела и сина.
Состав Моменталниот состав на ФК Тетекс за сезоната 2009/2010 во првата македонска фудбалска лига е: Име Позиција РоденДржаваЉупчо Кметовски голман 8 јули 1972 (37 години)Марко Јованоски голман 24 јули 1988 (22 години) Димитар Петровскиголман 23 мај 1990 (19 години)Даниел Јовановски Шишодбрана Марјан БелчевНенад Мишковскиодбрана 26 декември 1986 (22 години)Сашко РистоводбранаДраган Наумовскисреден ред19 јули 1984 (25 години) Мирослав Јовановскисреден ред13 мај 1991 (18 години)Александар Урошевиќсреден ред14 септември 1990 (18 години) Дарко Савевскисреден ред21 јуни 1971 (38 години) Димче Ристевскисреден ред6 ноември 1982 (26 години)Срѓан Захариевскисреден ред12 септември 1973 (35 години)Оливер Пеевсреден ред6 август 1987 (23 години)Ивица Глигоровскинапад15 април 1981 (29 години)Живорад Радониќнапад2 октомври 1984 (24 години) Александар Стојановскинапад4 април 1984 (25 години)Генц Исенинапад28 март 1984 (26 години)
Стручен штаб Име ФункцијаГоразд Цветковскишеф на стручен штабБорче МирчевскитренерЖарко СтојановскитренерДарко Марковиќ лекарЈовица ИлиевскифизиотерапевтДончо Николовскифизиотерапевт
Собрание на ФК Тетекс ФК Тетекс е регистран како здружение на граѓани со кое управува собрание. Собранието на ФК Тетекс го сочинуваат 11 члена меѓу кои: Стислав Симоски, Ѓоко Серафимоски, Љупчо Апостоловски, Бранко Кузманоски, Мирко Јовчевски, Ацо Заковски, Надица Ребула, Васе Спасовски, Драган Живковиќ, Стеван Алампиоски, Јорданчо Сребренов.
Наводи
Надворешни врски Официајлна веб страна на ФК Тетекс
Тетекс Тетекс
Категорија:Појавено во 1953 година во Македонија