Основно училиште „Пере Тошев“ (официјално: Општинско основно училиште „Пере Тошев“ — Десово; скратено: ООУ „Пере Тошев“) — централно основно училиште во прилепското село Десово, Општина Долнени.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Пере Тошев.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на ридот на којшто е сместена црквата „Св. Троица“.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски и албански наставен јазик.
Подрачни училишта
Во склоп на училиштето влегуваат следните подрачни училишта: ПУ „Пере Тошев“ - Дупјачани; ПУ „Пере Тошев“ - Дреновци; и ПУ „Пере Тошев“ - Небрегово.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Дупјачани се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Долнени Десово Категорија:Десово Категорија:Основни училишта во Македонија