Даутлак — археолошко наоѓалиште во демиркапиското село Иберли. Претставува населба и некропола од средниот век. Околу 1,5 км југоисточно од селото, на десниот брег на Иберлиска Река се пронајдени гробни конструкции со насоченост исток-запад. Во близината на некрополата се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 233, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Самандере — населба од доцноантичкото време; Иберли; Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Иберли