Гробишта — археолошко наоѓалиште во неготинското село Криволак. Претставува средновековна некропола. На западниот раб, веднаш кај влезот во селото, во 1972 година при изградбата на асфалтниот пат е уништен дел од некропола. Во профилите од засеците на патот се гледаат гробови со конструкција од камени плочи, поставени во правец запад-исток. Кај мештаните се чуваат повеќе археолошки предмети најдени во гробовите.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 234, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Брест — населба и некропола од доцноантичкото време; Тошова Лака — населба и некропола од доцноантичкото време; Чифлик — населба од доцноантичкото време; Криволак; Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Криволак