Исарл’к — археолошко наоѓалиште во штипското село Почивало. Претставува градиште од доцноантичко време , На околу 2,5 км источно од селото се издига висок рид со стрмни падини и со единствен пристап од источната страна. Во подножјето течат Калич Дере и Кажалска Река. На самиот врв има зарамнето плато од дваесетина декари, окружено со остатоци од темели на широк бедем, наместа прилично добро видливи. По површината има парчиња од кршени тули и градежен камен. Поврзано Ескибал — населба од доцноантичко време; Исарл'к — градиште од доцноантичко време; Стаиќувез — средновековна некропола; Фрн — доцносредновековна населба; Почивало; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Почивало