Историјата на македонскиот народ или воопшто на историја на човековото живеење и присуство на територијата на Македонија, датира со пронаоѓањето на најстариот човечки скелет на територијата на Македонија стар 160 илјади години. Најстарите пронајдоци од први организирани човечки населби во Македонија датираат од младото камено време (неолитот). Прва државна организација на територијата на регионот Македонија е македонското кралство основано во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.) од страна на првиот македонски крал Каран, кое доживеало најголем подем во времето на владеењето на македонските кралеви Филип II Македонски (359 - 336 г.п.н.е.) и Александар III Македонски (336 - 323 г.п.н.е) од династијата Аргеади. Со доаѓањето и населувањето на словенските племиња во VI век, и нивното мешање со староседелското население (Тракијци, Илири, Стари Грци, антички Македонци и др.), конечно во X и XI век се формира ликот на современиот македонски народ, кој сè до денес постои како мнозински на територијата на Македонија и зазема најзначаен дел од разните економски, политички, демографски, историски и други процеси во Македонија.
Праисториска Македонија
right|thumb|200px|Централниот Балкан кон 8 век пне. right|thumb|200px|Централниот Балкан кон 4 век пне. thumb|200px|right|Експанзијата на Античка Македонија до смрта на Филип II.
Праисториска Македонија Природните услови Македонија во младото камено време Метално време Остатоци од материјалната култура
Бронзено време (околу 2100 - 1100 г. пне) Сите обележја на енеолитскиот период ja следат и бронзеното време, чиј почеток, на просторите од Македонија се поставува на преминот од третиот кон вториот милениум од старата ера. Големите раздвижувања започнати во претходниот период, сега донекаде се сталожуваат. Новите културни обележја на доселениците се претопуваат со оние на автохтоното население - Пеласги од овој дел на Балканот. Како плод на ваквата симбиоза, повторно се појавуваат некои од обележјата на староседелците, иако во извесна мера изменети. За ова говори фактот што некои населби од овој период се наслојуваат над неолитските рамничарски села или над енеолитските укрепени "градишта". Но и во овој период продолжуваат воените и демографски напливи од север. Доаѓаат нови популации кои поминуваат низ Македонија, а дел од нив и се населуваат во неа. Се смета дека во доцното бронзено време (14 - 13 век пне.) ќе заврши разместувањето на главните групации на старобалканските популации. Поради отсуството на пишани извори, тие во науката се нарекуваат условно, со следните називи: Пра-Тракијци, Пра-Грци, Пра-Илири. Тука се и народите кои егзистирале во Централниот Балкан, а во тие рамки и Македонија: Пра-Бриги, Пра-Пајонци и Пра-Даки. Но, век или два подоцна, нивните имиња ќе се појават во пишаните документи на соседните антички цивилизации. Со тоа, подрачјето на Македонија започнува постепено да навлегува во историската епоха. Сега за првпат имаме непосредни информации (пишани историски податоци) кои се однесуваат на народите што во тоа време ја населувале Македонија. Така, во еден египетски натпис од времето на фараонот Рамзес II (14-13 век пне.) се спомнуваат Дарданците и Даките, а пак во асирските документи од 12 век пне. народот Мушки, за кој се смета дека имал мизијско - Бригијско потекло. Круна на овие историски факти, најрани во рамките на цела Европа, е секако Хомеровата "Илијада", од која се дознава за имињата на неколу народи што во овие векови ја населувале Македонија и пошироко - Централниот Балкан (Дарданци, Пајонци, Пелагонци). Современите истражувања го истакнуваат и значењето на Бригите кои, кон крајот на бронзеното време го населувале југозападниот дел на Македонија и голем дел на денешна Албанија. Во наредните векови, дел од нив ќе се пресели во Мала Азија, каде ќе го формира познатото Фригиско кралство.
Железна доба (1100 - 600 / 500 г. пне.) Во Македонија, железната доба настапува пред крајот на вториот милениум, по последниот голем бран на етнички поместувања што од север го заплиснува Балканот. Подрачјето на Р Македонија е мошне богато со наоѓалишта од овој период. Ископувањата вршени на нив (особено некрополите) овојзможија, врз основа на откриените наоди да се издвојат неколку културни групи со свои етно-културни специфики. Ваквата диференцијација, во содејство со античките пишани извори, овозможува определување на етничките носители на овие групи и границите на нивното простирање. Долновардарската група се простирала по долината на Вардар, јужно од Демир Капија. За носители на оваа култура се сметаат Пајонците, кои според хомеровите стихови во "Илијада" се сојузници на Тројанците и уште во доцното бронзено време живееле околу долното течение на Аксиј(Вардар). Средно - горновардарската и Брегалничката група се две, меѓусебе мошне проткаени целини. Во споредба со претходната, одразуваат повисок степоен на конзервативизам и подоцнежно прифаќање на традициите од пне. се простирале вдол Повардарието и во Источна Македонија. Нема сигурен одговор на прашањето кои етноси во овој период го населувале Скопско - Кумановскиот базен и североисточна Македонија. Пред се, тука се мисли на древните Дарданци, но и на Агријаните, во чиј посед влегувале и територии на североисточна Македонија. Некои истражувачи го истакнуваат и присуството на Пајонците и Трибалите во овие области. Пелагонсиката група се лоцира во истоимената рамница. Исто така се одликува со висок степен на влијанија од југот. Врз основа на пишаните извори, се смета дека ја населувале две етнички групи: северниот дел Пелагонците, а јужниот - Линкестите. Анализите укажуваат и на присуството на мали заедници на Бригите. Како и претходната, и Охридската група се одликува со прифаќање обележја на цивилизацијата, особено во последните фази од железното доба. Врз основа на изворите, таа се поврзува со Енхелејците, Дасаретите и веќе наведените Бриги кои го населувале овој регион во разни временски фази. Западниот и Северозападниот дел на Македонија поради недоволна истраженост не може да се определи како засебна група. Врз основа на античките известувања, тука се лоцира племето Пенести. Што се однесува на античките Македонци, тие, под ова име, на историската сцена се појавуваат околу 700 - та година пне. кога, доаѓајќи од својата прапостојбина, околу подрачјето на Епир и горното течение на Бистрица, ги потиснуваат Пајонците и други етноси од долното течение на Вардар и Бистрица. Оваа одземена територија, (на север до областите меѓу Демир Капија и денешната македонско - грчка граница) ќе стане јадро на идното кралство на античките Македонци.
Рана антика (600 / 500 - 168 г. пне.) се дели на три етапи: Архајски период (6 - 5 век пне.), кој разни стражувачи го ставаат во овој или во претходниот период. Класичен период (5 - 4 век пне.) и Хеленистички период (крај на 4. - 2 век пне.). Преминот на железното време во рана антика не може строго да се определи. Врз основа на античките пишани извори може да се заклучи дека етничката слика на Македонија и во овој период се менува. Во северните и западните подрачја се чувствува силна воена и демографска експанзија на народите од западната половина на Балканскиот Полуостров (во науката наречени Илирски етнокултурен комплекс). Се смета дека тоа доведува до одреден степен на асимилација на некои месни етноси (Дарданци, Пенести, можеби и Дасарети). Оваа експанзија веројатно е главна причина за исчезнувањето на Бригите од овој дел на полуостровот. Во Скопско - Кумановскиот базен се чувствува експанзија на Дарданците, а во јужните делови на Р Македонија - на античките Македонци. Средината на првиот милениум е време на подемот на двете антички држави од овој дел на Балканот - Македонија и Пајонија. Во обете ќе владеат засебни династии на кралеви, за чии имиња дознаваме од историските извори,натписите и од монетите што ги ковале. Како што е познато, експанзијата на Македонското кралство низ Балканот ќе земе замав во 4 век. п.н.е. со Филип II. Во сенката на помоќниот сосед, Пајонија ќе опстојува сè до крајот на 3 век, кога ќе биде припоена кон него и границата се поместила на север и одела на просторот на Таорската Клисура и Скопската Котлина, останала под контролата на Дарданците. По смртта на Александар и разбивањето на големата македонска империја, нејзините територии се редуцираат во делови од Балканот. Продолжува веќе започнатиот процес на интеграција на популациите и традициите опфатени во оваа држава и формирањето на античко - македонската култура и етнос. Во овој процес најсилно ќе бидат вклучени јужните делови на денешна Р Македонија (Гевгелиско - Валандовскиот, Струмичкиот, Пелагонискиот и Охридскиот регион). Кон средината на II век пне., овој процес ќе биде забавен, поради поразот на Македонците во војната со Рим, со што нивната држава ќе ја загуби својата независност, а подоцна ќе влезе во границите на Римското Царство. Дарданија (денешните северни делови на Р Македонија) била покорена од страна на Римјаните подоцна, најверојатно кон крајот на I век п.н.е. Постојат јасни докази дека наведените популации од подрачјето на Македонија говореле на свои јазици, макар што почнувајќи од овој период постепено ќе започнат сè повеќе, во јавните комуникации да го прифаќаат грчкиот јазик и писмо.
Народите кои живеле во Македонија во антиката го надживеали своето физичко исчезнување преку делата во материалната култура кои ги оставили зад себе. Денес е мошне тешко, речиси невозможно, процентуално да се одреди етничката слика на Македонија во римскиот период. Секако дека најголемиот дел го сочинувале на север Пајонците, на југ Античките Македонци, а на исток Тракијците. Овде биле населени исто вака Илири, Бриги, Дарданци, и Грци. Но, тука биле и доселениците Келти, потоа Готите и уште многу Римски легионери-колонисти. Тие имале различно потекло: шпанско, сириско, северноафриканско, далматинско, италско. Кон крајот на Римската епоха во Македонија, и создавањето на Византија, сите овие народи веќе биле претопени во един христијанизиран етникум, кој го бил прифанал грчкиот јазик, познат како Ромеи.
Потоа започнала Големата преселба на народите, со којa на Балканот дошли Словените, како и други варварски народи.
Антички Македонци
Историско-географски граници на античка Македонија
Според географските одлики, античка Македонија го опфаќала североисточниот дел од Балканскиот Полуостров; античките автори ја опишуваат како планинска земја со голем број реки, богати полиња, шуми, езера и рудни богатства. Скоро сите македонски реки (Вардар, Струма) се влеваат во Егејското Море. По долините на реките има голем број езера: Болбе, Лудија, Костурско Езеро, Мало и Големо Преспанско Езеро и Лихнидско Езеро. Плодните полиња овозможувале развој на земјоделството, градинарството и лозарството; надалеку биле познати смоквите, лозјата и маслинките. Богатството од густи шуми на Македонија £ овозможувало да стане главен извозник на најквалитетно дрво и смола за изградба на кораби на Медитеранот. Рудните богатства придонесувале за брзо економско јакнење на државата; наоѓалишта на злато и сребро имало источно од Аксиос, во близина на Стримон на планината Пангеј (Кушница), кај езерото Прасијада и кај местото Датон. Сето ова овозможувало Македонија да стекне стопанска независност. Географската, етничката и јазичната граница помеѓу македонската и хеленската територија на југ ја исцртувале планината Олимп, реката Пенеј (Пенеијос, Пенча) и брегот на Егејското Море; на југозапад границата се движела до планината Пинд – тромеѓа помеѓу Македонија, Епир и Тесалија; западната граница продолжувала по планините од Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат), с¢ до планината Скард (Шар Планина) – тромеѓа меѓу Македонија, Илирија и Дарданија; северната граница се спуштала по падините на планината Јакупица, поминувала меѓу денешните градови Скопје и Велес и по реката Пчиња излегувала на Осоговските Планини, с¢ до планината Рила; на исток границата одела од планината Пирин до устието на реката Нест (ден. Места) во Егејското Море.