Соединети Американски Држави или САД () — федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални држави и округот Вашингтон се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа во северозападниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хаваи е архипелаг во Тихиот Океан. Соединетите Држави, исто така, имаат под нивна јурисдикција и неколку територии и островски подрачја во Карипското Море и во Тихиот Океан.

Потекло на поимот „Соединети“ се однесува за федералниот систем на функционирање, „американски“ се однесува на положбата на државите на копното Америка и „држави“ се однесува на федералните единици. Името на англиски јазик гласи: United States of America. Првично, до усвојувањето на уставот на САД, името се запишувало со мала „с“ односно „соединети Американски Држави“, но со уставот и зборот „соединети“ станал дел од официјалното име. Името често се скратува на САД или Соединетите Држави.

Историја

Создавање на САД thumb|upright=1.2|left|Тринаесетте колонии (во црвено) во 1775|alt=Map of the U.S. showing the original Thirteen Colonies along the eastern seaboard Во почетокот на XVI век, на американскиот континент стигнале првите доселеници, со надеж дека ќе најдат злато, но многумина умреле од маларија, а некои се вратиле таму од каде што дошле. До крајот на XVIII век најмногу доселеници имало од Англија, бидејќи таа ги победила Холандија и Франција и ги истиснала нивните доселеници. Таму имала 13 колонии со околу 3,5 милиони жители. Реката Потомак ги делела овие колонии на северни и јужни. Во северните колонии преовладувало ситно селско фармерско стопанство во кое бил применуван слободниот труд. Во јужните колонии имало огромни плантажи на тутун, памук, шеќерна репка и др. каде бил во употреба бесплатниот робовски труд.

Војна за независност Англискиот парламент за да ги заштити интересите на својата буржоазија, настојувал да го ограничи развитокот на трговијата и индустријата на американските колонии. Забранил да се гради машинска и текстилна индустрија, а производите од овие гранки наредил да се увезуваат од Англија, забранил луѓето бесплатно да се населуваат во западните краеви, што ги држеле Индијанците. Овие огромни предизвикале незадоволство во американските колонии и кај младата американска буржоазија. Револтот бил уште поголем кога бил донесен законот за такса, со кој во сите трговски операции се наплаќале такси во полза на Англија. Претставници на американските колонии во 1774 г. се собрале на конгрес во Филаделфија и го замолиле англискиот крал да ги укине сите ограничувања. Кралот ги одбил нивните барања и тоа било повод во 1775 г. колониите да започнат борба за слобода и независност, на чело со Џорџ Вашингтон (1732-1799 г.). Колонистите се чувствувале како Американци и во борбата влегувале доброволно и со голем патриотски дух. Во текот на војната американскиот конгрес на 4 јули 1776 г. ја донел Декларацијата за независност, што ја подготвил Бенџамин Франклин. Со неа американските колонии се прогласиле за самостојна, слободна и независна држава под име Соединети Американски Држави - САД. На страната на американските колонии се бореле Франција и Холандија кои сакале да го уништат својот најголем непријател - Англија. Војната завршила во 1781 г. со победа на Американските колонии, а во 1783 г. во Версај, Англија ја признала независноста на САД.

Државно уредување на САД Уште во текот на војната, во 1781 г. бил донесен првиот Устав на новата држава со кој таа била прогласена за конфедерација. Конфедерацијата претставувала не многу цврст сојуз на држави. Во неа секоја држава имала сопствена војска, финансии и царински граници. Ваквото државно уредување се покажало несоодветно, па во 1787 г. Конгресот донел нов Устав со кој била засилена централната власт. Со новиот Устав се предвидувало на чело на извршната власт на републиката да стои претседател, избиран на 4 години. За прв претседател на САД бил избран Џорџ Вашингтон. Законодавната власт ја имал Парламентот, наречен Конгрес, составен од два дома: Горен дом или Сенат, во кој секоја држава испраќала по двајца претставници, и Долен дом или Дом на пратениците, во кој секоја држава избирала пратеници според бројот на жители. Над сите органи стоел Врховниот суд, кој можел да поништува секакви закони за кои сметал дека се противуставни. Изборното право на граѓаните било ограничено, право на глас имале само оние кои имале сопственост, жените не добиле право на глас и ропството не било укинато.

Граѓанската војна (1861-1865 г.) Капиталистичкото стопанство во САД сè повеќе се развивало, но не подеднакво и рамномерно во сите сојузни држави. Во северните држави јакнела машинската индустрија, а растел и бројот на работничката класа. Во јужните држави индустријата скоро не била развиена. Сите земјоделски суровини биле извезувани во Англија, а оттаму робовладетелите купувале индустриски производи, така што индустриските производи на северните држави не можеле да бидат пласирани во јужните. Спротивностите во стопанскиот и општествениот развиток на САД и немање на единствен пазар во државата довело до судирање помеѓу Северот и Југот. Како повод за тоа послужило избирањето на Абрахам Линколн (1809-1865 г.) за претседател на Сад. Тој и неговата Републиканска партија биле против ропството, а за бесплатната поделба на слободната земја на Запад на сиромашните фармери. Поради тоа во знак на протест, во 1861 г., 6 јужни држави се отцепиле од САД и формирале свој сојуз, наречен Конфедерација. Истата година Јужните држави повеле војна против Северните. Индустрискиот север имал околу 20 милиони жители, а робовладетелскиот Југ околу 12 милиони, од кои 4 милиони биле робови - црнци, непријателски расположени кон своите господари. Робовладетелите се чувствувале посилни бидејќи биле подобро вооружени, а и се надевале на помош од Англија. Во почетокот војната била во корист на Југот, но претседателот на САД, Абрахам Линколн, преку Конгресот го спровел законот за бесплатно доделување на земјата на запад и законот за укинување на ропството. Голем број на фармери, работници и црнци, влегле во редовите на Северната војска, со што војната добила општонароден отпор против ропството. По 4 годишна борба граѓанската војна завршила во пролетта 1865 г. со победа на Северните држави. Во деновите на прославувањето на победата, претседателот Абрахам Линколн бил убиен. Граѓанската војна овозможила капитализмот во САД да се развива побрзо од сите други земји. САД прераснале во најмоќна индустриска и земјоделска земја во светот и започнала да се меша во меѓународните односи.

Географска положба Соединетите Американски Држави го зафаќаат средишниот дел на Северна Америка. Се простираат помеѓу Мексико на југ и Канада на север, и меѓу Тихиот Океан на запад и Атлантскиот Океан на исток. Во состав на САД влегуваат Алјаска и Хавајските Острови. Преку двата океана САД се поврзуваат со земјите од другите континенти така што имаат поволна географска положба.

Релјеф Територијата на САД е поделена на четири поголеми релјефни целини. Во западните делови се простираат Кордиљерите и Карпестите Планини, со височини над 4 000 м. На исток се Апалачките Планини. Помеѓу Кордиљерите и Апалачките Планини се наоѓаат Средишните Низини, кои се простираат од Големите Езера на север до Мексиканскиот Залив на југ. Тоа се плодни почви и тревни површини - прерии. Четвртиот дел е Приатлантската Низина меѓу Апалачките Планини и Атлантскиот Океан. Поради големината на територијата, во САД се среќаваат повеќе климатски типови. Поголем дел од територијата е со умерена клима. Преовладуваат континентална и умерено континентална клима. Во приморските делови на Мексиканскиот Залив владее суптропска, а на полуостровот Флорида - тропска клима. Во приморските делови на Тихиот и на Атлантскито океан е присутна приморска, а на планините - планинска клима. На Алјаска климата е супполарна и поларна, а на Хаваите е тропска. Хидрографијата на САД ја прават приморските делови на двата океана, реките и поголем број езера. Позначајни реки се Мисисипи со Мисури, Охајо, Арканзас и други, кои му припаѓаат на Атлантскиот Океан, потоа Колумбија, Колорадо и Јукон на Алјаска, кои му припаѓаат на Тихиот Океан. На границата со Канада се наоѓаат Големите Езера, од кои само езерото Мичиген целосно им припаѓа на САД. Од езерото Ири истекува реката Нијагара на која се наоѓаат Нијагарините Водопади, кои се високи 50м, а широки 500м.

Население Насeлението на САД главно го сочинуваат народите од Европа. Помал дел се црнечко население од Африка и доселеници од Азија. Домородното населениe се Американските Индијанци и Ескимите. Населението главно е разместено во Приатлантската Низина во градовите Бостон, Њујорк, Балтимор, Филаделфија и Вашингтон; околу Големите Езера: Чикаго, Детроит, Милвоки, Кливленд и Индијанаполис; во Средишните Низини: Канзас Сити, Сент Луис, Далас и Хјустон; на брегот на Тихиот Океан: Лос Анџелес и Сан Франциско. Најретко населени се планинските територии на Кордиљерите и Алјаска.

+ Населението во САД, 1890-1980.C. W. J. Granger, Forecasting in business and economics (second edition). Sand Diego etc.: Academic Press, 1989, стр. 24 и 199. Година Жители (во милиони) 1790 4 1800 5 1810 7 1820 10 1830 13 1840 17 1850 23 1860 31 1870 38 1880 50 1890 63 1900 76 1910 92 1920 106 1930 123 1940 132 1950 151 1960 179 1970 203 1980 226,5

+ Показатели за населението во САД, 1900-1980.C. W. J. Granger, Forecasting in business and economics (second edition). Sand Diego etc.: Academic Press, 1989, стр. 201. Година стапка на смртност (на 1000 жители) очекуван животен век (мажи) очекуван животен век (жени) 1900 17,2 46,3 48,3 1910 14,7 48,4 51,3 1920 13 53,6 54,6 1930 11,3 58,1 61,6 1940 10,8 60,8 65,2 1950 9,6 65,6 71,1 1960 9,5 66,6 73,1 1970 9,5 67,1 74,8 1980 8,7 70 77,5

Стопанство САД се составени од 50 држави. Тие се водечка сила во светот со високо темпо на економски развој. Со околу 130 милиони работоспособно население создаваат 20% од меѓународната трговија. САД го заземаат првото место по производство на нафта, јаглен, природен гас, злато, уран, железо, алуминиум, олово и др. Основа на економијата е индустријата, и тоа: металургијата, машинството, електронската индустрија, електротехничката, петрохемиската, хемиската, автомобилската, авионската, авиокосмичката, прехранбената, филмската, музичката, воената индустрија и др. Во аграрниот комплекс има високоразвиено интензивно земјоделство и сточарство. Земјоделското производство се одликува со голема продукција на скоро сите земјоделски култури. САД се одликуваат со развиена транспортна мрежа: околу 6 милиони километри патишта, голем број пристаништа за воден и за воздушен сообраќај.

Административна поделба

Освен сојузните држави, Соединетите Американски Држави содржат и еден Федерален дистрикт; Федералниот округ Колумбија, каде е сместен Вашингтон. Неколку островски територии се исто така во составот на САД. Тоа се: островите Бејкер; Гуам; Хауланд; Џарвис; Џонсон; Кингмен; Мидвеј; Наваса; Палмира; Вејк; Порторико, како и островските групи Американска Самоа, Американски Девствени Острови и Северни Маријански Острови.

Алабама Алјаска Аризона Арканзас Калифорнија Колорадо Конектикат Делавер Флорида Џорџија Хаваи Ајдахо Илиноис Индијана Ајова Канзас Кентаки Луизијана Мејн Мериленд Масачусетс Мичиген Минесота Мисисипи Мисури Монтана Небраска Невада Њу Хемпшир Њу Џерси Ново Мексико Њујорк Северна Каролина Северна Дакота Охајо Оклахома Орегон Пенсилванија Род Ајленд Јужна Каролина Јужна Дакота Тенеси Тексас Јута Вермонт Вирџинија Вашингтон Западна Вирџинија Висконсин Вајоминг

600п|центер|Карта на САД

Политички систем