Селце — археолошко наоѓалиште во околината на местото Град кај градот Делчево. Претставува населба од доцната антика.
На 2,5 км западно од селото и лево од главниот пат Делчево - Тработивиште, на терен што претставува пространа тераса се наоѓаат многу фрагменти од покривни ќерамиди, питоси и керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 125, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од хеленистичко и доцноантичко време; Калиште — населба од доцноантичко време; Селце — црква од средниот век; Град Наводи
Категорија:Град