Селиште — археолошко наоѓалиште во околината на местото Костин Дол кај градот Македонска Каменица. Претставува населба, могила и црква од римско време и старохристијанско време
Лежи југоисточно од Уменско маало, помеѓу долот на исток и суводолицата Лештар на запад. Се работи за гребен со насоченост северозапад-југоисток, што се спушта терасесто кон југ и југоисток и е широк околу 100 м. На местото блиску до куќата на Милан Васев, како и во нивата на Тодор Соколов се наоѓаат римски тули.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 125, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Јачков Рид - Селиште — градиште од средниот век; Селиште — населба и могила; црква од римско време; старохристијанско време; Чукар — населба од неолитско и доцноантичко време; Костин Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи