Јачков Рид - Селиште — археолошко наоѓалиште во околината на местото Костин Дол кај градот Македонска Каменица. Претставува населба од неолитско и римско време.
Во непосредната близина на куќата на Тодор Јачков, на ниска чука, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и коскени орудија и фрагменти од дислоциран куќен лепеж. Најдено е и четвртесто тавче, со реципиент во едното ќоше, кое се чува во Заводот и музеј во Штип. Во подножјето на ридот, на поголем простор, исто така се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 125, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Селиште — населба и могила; црква од римско време; старохристијанско време; Чукар — населба од неолитско и доцноантичко време; Костин Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи