мини|десно|Црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци. мини|десно|Манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. мини|десно|Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија. Андон Китанов, полно име: Андон Китанов Петров Ангелков (1829 - 1914) — македонски градител, копаничар и иконописец, претставник на Дебарската школа. Изградил и внатрешно уредил голем број на важни цркви и манастири во Македонија.
Живот и дела Роден е во 1829 г. во мијачкото велешко село Папрадиште, во големиот градителско-зографски род Ангелковци. Татко му Китан Петров, дедо му Петар и прадедо му Ангелко исто така биле градители и копаничари. Учел кај татко му, и работел претежно како градител, иако се занимавал и со копаничарство и иконопис. Работел во црквите „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, „Св. Никола“ во Штип, „Св. Атанасиј“ во Дојран, каде ги изработил дрворезите и иконописот.
Автор е на „Рождество на пресв. Богородица“ во Согленскиот манастир кај Согле, на новата црква во Пантелејскиот манастир во Пантелеј, во кој го направил иконостасот. Китанов, кој предводел тајфа не поголема од 15 лица, во Велешко ги изградил црквите „Св. Атанасиј“ во Богомила, „Пресв. Богородица“ во Бистрица (1860), „Св. Атанасиј“ во Теово, „Св. Илија“ во Долно Врановци, „Св. Илија“ во Бусилци, „Св. Петка“ во Долно Оризари, „Св. Воскресение Христово“ во Еловец, „Св. Никола“ во Лисиче, „Св. Троица“ во Раштани, „Св. Стефан“ во Нежилово, „Св. Илија“ во Капиново, „Св. Никола“ во Крнино и „Св. Троица“ во Подлес.
Во Гевгелиско ги изградил „Св. Димитриј“ во Балинци, „Св. Архангел Михаил“ во Грчиште, „Св. Константин и Елена“ во Миравци, „Рождество на пресв. Богородица“ во Давидово, „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, „Воснесение Христово“ во Петрово, „Св. Ѓорѓи“ во Серменин, „Св. Димитриј“ во Конско, „Св. Димитриј“ во Кованец, „Св. Константин и Елена“ во Мрзенци, „Св. Петка“ во Прдејци, „Св. Димитриј“ во Смоквица, „Св. Атанасиј“ во Богданци, „Успение на пресв. Богородица“ во Ѓавато и „Рождество на пресв. Богородица“ во Богородица. Во егејскиот дел на гевгелиско ги изградил црквите „Успение на пресв. Богородица“ во Мачуково „Св. Архангели“ во Смол, „Св. Никола“ во Бајалци и „Св. Ѓорѓи“ во Ореовица.
Во Дојранско негови дела се „Св. Петка“ во Марвинци, „Св. Ѓорѓи“ во Аканџали (денес во неговиот егејски дел), „Св. Ѓорѓи“ во Брајковци и „Св. Ѓорѓи“ во Пирава.
Во 1860 г. Китанов го изградил манастирот „Св. Ѓорѓи“, наречен и Неготински манастир.Василиев, стр. 206 Во 1896 г. ја изградил црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија.
Со Китанов понекогаш работеле и мајсторите Јаков Зографски и неговиот син Ѓорѓи Зографски, како и Коста Крстев.
Починал во 1914 г. во родното село.
Родословие
Поврзано Дебарска школа Македонска резба Ангелковци (папрадишки род)
Наводи
Категорија:Македонски копаничари Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски иконописци Категорија:Родени во 1829 година Категорија:Починати во 1914 година Категорија:Ангелковци (папрадишки род) Категорија:Папрадиште (Велешко) Категорија:Претставници на Дебарската школа