Тоде Бошков Јовановски ( во ― во ) ― македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Роден е во сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Бил регрутиран во Бугарската армија.

Непосредно по 9 септември, т.е. по капитулацијата на фашистичка Бугарија, стапил во антифашистичката бугарска армија. Оттаму се вратил на 10 октомври 1944 година во Македонија, за да земе учество во борбите против Германците. Загинал на 8 ноември 1944 година во борбите за ослободување на Штип. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во родното село Раштак.

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ