Миле Кралев Качниклиев ( во ― во ) ― македонски партизан и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Миле Качниклиев
Животопис Роден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и сточарство.
Материјално ги помагал партизаните од порано. Со доаѓањето на 16 македонска ударна бригада во неговото село, меѓу првите стапил во нејзините редови. Бил учесник во бројни акции на Бригадата против Германците кај Качаник. По завршувањето на борбите во Македонија заминал на Косово, каде учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди. Потем заминал за Војводина, каде завршил воена и политичка настава и станал политички комесар на чета.
Со четата учествувал при пробивот на Сремскиот фронт и во натамошното гонење на разбиениот непријател. Неговата чета посебно се истакнала во извршувањето на борбените задачи. Учествувал и во големата битка за Врпоље, каде на 16 април 1945 година, тој загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.
Поврзано
Неделко Качаниклиев — македонски партизан, учесник во НОВ Мирче Качаниклиев — македонски партизан, учесник во НОВ
Наводи