Лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица (ЛГБТ) во Северна Македонија се соочуваат со правни и општествени предизвици, со кои не се соочуваат не-ЛГБТ жителите. Машките и женските истополови сексуални активности се легализирани во Северна Македонија уште од 1996 година, но истополовите парови и домаќинствата предводени од истополовите парови немаат право на иста законска заштита којашто им е достапна на хетеросексуалните брачни парови.
Во 2019 година, ИЛГА-Европа ја рангираше Северна Македонија на 34-то место од 49 европски земји во однос на законодавството за правата на ЛГБТ.
Хомосексуалноста била забранета во Северна Македонија сè до 1996 година, кога земјата го декриминализира сексот меѓу лица од ист пол како услов за да стане членка на Советот на Европа.
Истражувања Според истражувањата на Хелсиншкиот комитет од 2005 година, 9,6% од населението во државата е нехетеросексуално. Во април 2019 година, било спроведено истражување од страна на Институтот за човекови права објавено со цел да се одреди мислењето на јавноста во однос на перцепцијата за сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Според стражувањето, кое било спроведено во облик на анкета и вклучило 1017 жители, речиси половина од испитаниците имале негативни мислења за луѓе со хомосексуална ориентација.
Скопје прајд Парада на ЛГБТ заедницата во Скопје, насловена како „Скопје прајд“ за првпат се одржала во 2019 година.
Резиме табела Легална сексуална активност луѓе од ист пол15x15пкс|Да (Од 1996 година) Еднаква возраст на согласност (14)15x15пкс|Да (Од 1996 година) Закони за антидискриминација само при вработување15x15пкс|Да (Од 2020 година) Закони за антидискриминација при обезбедување на стоки и услуги15x15пкс|Да (Од 2020 година) Закони за антидискриминација во сите други области (вклучително индиректна дискриминација, говор на омраза)15x15пкс|Да (Од 2020 година) Закони за антидискриминација во врска со родовиот идентитет15x15пкс|Да (Од 2020 година) Истополови бракови15px|не Признавање на истополови парови15px|не Посвојување од посинок од истополови парови15px|не Заедничко посвојување од истополови парови15px|не На хомосексуалците, лезбејките и бисексуалците им е дозволено да служат отворено во војската15x15пкс|Да Право на промена на правниот пол15x15пкс|Да Пристап до ИВФ за лезбејките15px|не Комерцијално сурогат мајчинство за геј машки парови15px|не На мажи кои спијат со мажи им е дозволено да даруваат крв15px|не
Наводи
Категорија:Човекови права во Македонија Категорија:Македонско право Категорија:ЛГБТ права во Македонија