Лудвиг Аугустинсон (роден на 21 април 1994) — шведски фудбалер, играч од одбраната на Андерлехт и на шведската репрезентација.
Биографија Лудвиг е роден и израснал во централните делови на Стокхолм, како прво-родено дете во спортски-ориентирано семејство. Неговиот татко Ханс бил поранешен фудбалер во третата фудбалска лига на Шведска, а неговата мајка Елизабет играла одбојка на репрезентативно ниво. Неговиот помлад брат Јонатан Аугустинсон, е исто така, фудбалер и како и Лудвиг игра на позицијата лев бек.
Неговото семејство било дел од национална дебата во летото 2015 година, како и повеќето шведски репрезентативци кои доаѓаат од добро образовани семејства во побогатите населби. Критичарите изјавиле дека играчи како Аугустинсон денес се успешни заради износот на пари што семејствата ги вложуваат во нивните приватни тренинзи.
Иако играл фудбал целиот свој живот, тој се пробал и во хокеј на мраз во својата младост. Навивач е на Манчестер Јунајтед.
Во декември 2015 година, Аугустинсон се претставил како машки модел во божиќната кампања на NLY наречена The Next Generation.
Технички одлики Модерен лев бек, добар во двете фази на играта, а меѓу најголемите негови квалитети се изведувањето на прекини, движењето без топка, темпото и тактичката дисциплина. Кариерата ја започнал како централен играч за врска, но ја сменил позицијата во лев бек на возраст од единаесет години поради големата конкуренција во средниот ред. Покрај тоа, тој бил користен и како лево крило, поради што има голема тенденција за напаѓање и често се одликува како асистент на головите за своите соиграчи.
Клупска кариера Бромапојкарна Аугустинсон ја започнал својата фудбалска кариера на шестгодишна возраст во екипата на Бромапојкарна во неговиот роден град Стокхолм. Тој бил забележителен талент во текот на неговите рани години, па кога бил капитен на тимот до 17 години имал проби во познати европски клубови како Борусија Менхенгладбах и Сампдорија. Откако напредувал низ младинските категории, тој заработил место во првиот тим на Бромапојкарна уште како 16-годишник во 2011 година и го направил своето деби во Суперетан (втората лига на Шведска) подоцна истата година. Со четири настапи во неговата дебитантска сезона, вклучувајќи го и дебито во домашниот куп, тој дошол дотаму да игра речиси во секој натпревар следната година, завршувајќи ја сезоната со два гола и четири асистенции. По две сезони во кои вкупно забележал 31 настап за Бромапојкарна, Аугустинсон се преселил во Гетеборг во јануари 2013 година.
Гетеборг
По доаѓањето во Гетеборг тој веднаш бил стартер на позицијата лев бек и играл во март 2013 во два натпревари од групната фаза од Купот на Шведска, кој подоцна му Гетеборг го освоил совладувајќи го Јургорден по изведување на пенали. Сепак, само неколку недели пред почетокот на првенството, тој заработил повреда на коленото додека играл за шведската репезентација под 21 година, што го оддалечила од терените пет месеци. На своето деби во Алсвенскан лигата чекал до 25 август 2013 година, кога во гостинскиот натпревар против Малме претрпел друга повреда, што значело дека ќе отсуствува во остатокот од сезоната.
Аугустинсон се вратил од својата втора повреда на време за првиот официјален натпревар во 2014 година, против Вернамо во купот на почетокот на март. Откако најпосле успеал да го заземе своето место во составот на Гетеборг, тој го постигнал својот прв гол за клубот во натпреварот од Алсвенскан, победата на гостувањето против Еребро со 4-3 на 24 септември 2014. Тој одиграл 28 натпревари во лигата таа сезона, без да биде ниту еднаш заменет, и асистирал за три гола. Подоцна заработил место и во „Тимот на годината 2014“ на Алсвенскан - врз основа на гласањето на навивачите на веб-страницата SvenskaFans.com.
Копенхаген На 6 јуни 2014 година, Аугустинсон потпишал 4,5 годишен договор со данскиот ФК Копенхаген, на кој му се приклучил на 5 јануари 2015 година. Договорот бил склучен за тој да може да биде замена за сонародникот Пјер Бенгтсон на позицијата лев бек, поради тоа што договорот на Бенгтсон со Копенхаген завршувал на 31 декември 2014 година. Надоместокот за трансфер изнесувал 13 милиони шведски круни (приближно околу 1,4 милиони евра), што го направило Аугустинсон најскапиот бек кој некогаш бил купен од некоја шведска екипа.
Своето деби за данската екипа го направил во натпреварот од Суперлигата на Данска против Вестсјаланд, кога сезоната во данското првенство продолжила во февруари 2015; тој асистирал за првиот гол на Копенхаген во натпреварот, а подоцна и самиот тој постигнал гол, играјќи клучна улога во победата со 2-0. Ekstra Bladet го опишал настапот на Аугустинсон како „деби од соништата“, а тренерот Стале Солбакен рекол дека тоа било најдоброто деби уште од неговото деби за Копенхаген против лутиот соперник Брондби во 2000 година. Тој одиграл 15 првенствени натпревари во текот на пролетниот дел од сезоната, помагајќи му на тимот да стигне до второто место во лигата. Аугустинсон забележал шест асистенции во својата прва полусезона, со кој завршил на третото место на листата по бројот на асистенции и исто така бил дефанзивецот со најмногу асистенции во првенството за сезоната 2014–2015 - и покрај тоа што одиграл помалку од половината натпревари. Аугустинсон, исто така, играл редовно и во Купот на Данска, и постигнал еден гол и тоа од директен слободен удар во победата со 1-0 против Есбјерг во реваншот од полуфиналето. Копенхаген подоцна го освоил купот совладувајќи го Вестсјеланд во финалето играно во мај со 2-3 по продолженија, а Аугустинсон дал асистенција за првиот гол на својата екипа кој го постигнал Пер Нилсон. Освојувањето на купот била негова втора титула во кариерата, прва со Копенхаген.
Следната сезона била најуспешната за Аугустинсон во неговата кариера: тој ја освоил својата прва првенствена титула во некоја земја, а исто така бил одбранет и домашниот куп од претходната сезона, така што Копенхаген ја освоил двојната круна во Данска за сезоната 2015-2016. Во првенството, Августинсон ја одиграл секоја минута во првите 30 натпревари од сезоната, за потоа да биде одморен во последните два гостински натпревари кога трофејот веќе бил обезбеден во средината на мај. Придонел за титулата во лигата со девет асистенции во текот на кампањата, со кои бил најдобар асистент во првенството заедно со Николај Томсен и Расмус Фалк.
Во сезоната 2016-2017, неговата последна во Копенхаген, Аугустинсон одиграл 32 натпревари во првенството забележувајќи 1 гол и 10 асистенции со кои придонел за одбраната на титулата. Тој, исто така, одиграл и два натпревари во купот, вклучително и финалето добиено против Брондби со 3-1, и постигнал еден гол во победата над Орхус со 2-1 на домашен терен во четвртфиналето.
Вкупно за Копенхаген одиграл 107 натпревари и постигнал 5 голови.
Вердер Бремен
На 30 јануари 2017, било објавено дека Аугустинсон потпишал за германскиот клуб Вердер Бремен, на кој ќе му се приклучи за сезоната 2017-2018 во Бундеслигата.
Дебитирал во дресот на Вердер на 12 август 2017, во победата со 3-0 над Вјурцбургер Кикерс во Купот на Германија. Една недела подоцна, дебитирал во Бундеслигата во поразот со 1-0 на гостувањето кај Хофенхајм. Својот прв гол за Вердер, го постигнал на 11 февруари 2018 во победата со 3-1 над Волфсбург на Везер. Својата прва сезона со зелено-белите ја завршил со 33 настапи (29 во првенството и 4 во купот) и еден гол.
Во сезоната 2018-2019, по одличните настапи на Светското првенство 2018 во Русија, тој бил еден од најважните играчи во тимот на тренерот Флоријан Кофелт, играјќи како стартер во сите 34 натпревари во лигата и бил заменет само двапати, постигнувајќи притоа еден гол и имал пет асистенции. Исто така ги одиграл сите натпревари и во Купот на Германија, каде Вердер стигнале до полуфиналето во кое биле елиминирани од Бајерн Минхен. Пред почетокот на следната сезона тој заработил повреда на коленото во претсезонските подготовки, поради што морал кон крајот на август да оди на операција. Се вратил на терените кон крајот на ноември, играјќи ги сите 90 минути во поразот на домашен терен (1-2) од Шалке 04. Во вториот дел од сезоната имал нови проблеми со повреди, поради што одиграл само 15 натпревари во сезоната 2019-2020. Сепак, тој се опоравил за завршницата од сезоната и постигнал гол во плејофот за испаѓање од Бундеслигата против Хајденхајм со кој му помогнал на Вердер да остане во Бундеслигата. Сепак, испаѓањето не било избегнато следната сезона, кога Вердер со поразот во последното коло на домашен терен од Борусија Менхенгладбах испаднал во 2. Бундеслига.
Севиља Во август 2021, Аугустинсон потпишал за шпанската Севиља.
Репрезентативна кариера Аугустинсон ја претставувал Шведска во селекциите под 17 години и под 19 години 21 пат во периодот од 2009 до 2013 година.
Во 2012 година, дебитирал за репрезентацијата на под 21 година. Со оваа репрезентација настапил на Европското првенство за играчи под 21 година 2015 во Чешка, каде го остварил својот најголем успех на репрезентативно ниво, откако Шведска го освоила првенството совладувајќи ја Португалија во финалето по изведување на пенали. Аугустинсон играл во сите четири претходни натпревари на Шведска на првенството и го започнал финалето од првата минута, во кое откако по 120 минути игра се завршило 0-0 се пристапило кон изведување пенали со цел да се одреди победникот, а Аугустинсон бил еден од сигурните изведувачи за својата земја и подоцнежниот победник на првенството.
thumb|left|Аугустинсон (десно), во двобој со Џердан Шаќири (лево), играјќи за против на Светското првенство 2018. За сениорската репрезентација дебитирал на 15 јануари 2015 година, во пријателски натпревар против Брегот на Слоновата Коска.
Во јуни 2018, тој бил повикан од селекторот Јане Андерсон да ја претставува својата земја на Светското првенство 2018 во Русија. На 27 јуни 2018, во натпреварот од последното коло од групната фаза против во Екатеринбург, Аугустинсон го постигнал својот прв гол за својата репрезентација во победата со 3-0. Со таа победа, швеѓаните минале понатаму во осминафиналето каде ја совладале , а нивниот пат на првенството завршил во четвртфиналето каде биле елиминирани со 2-0 од . Аугустинсон ги одиграл сите минути за Шведска на првенството завршувајќи го со пет настапи и еден гол.
Три години подоцна, тој настапил и на Европското првенство 2020, каде одиграл четири натпревари а неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето од по продолженија.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 4 јули 2021.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011 Бромапојкарна СЕ 3 0 КШ 1 0 - - - - - - 4 0 2012 СЕ 27 2 КШ 0 0 - - - - - - 27 2Вкупно Бромапојкарна 30 2 1 0 - - - - 31 2 2013 Гетеборг А 1 0 КШ 3 0 ЛЕ 0 0 СШ 0 0 4 0 2014 А 28 1 КШ 5 0 ЛЕ 5Во квалификациите. 0 - - - 38 1 Вкупно Гетеборг 29 1 8 0 5 0 - - 42 1 јан. 2015 Копенхаген СЛ 15 1 КД 4 1 - - - - - - 19 1 2015-2016 СЛ 31 1 КД 3 0 ЛЕ 4 0 - - - 38 1 2016-2017 СЛ 32 1 КИ 2 1 ЛШ+ЛЕ 126 натпревари во квалификациите.+4 0+0 - - - 50 2Вкупно Копенхаген 78 3 9 2 20 0 - - 107 52017-2018 Вердер Бремен 1Б 29 1 КГ 4 0 - - - - - - 33 12018-2019 1Б 34 1 КГ 5 0 - - - - - - 39 12019-2020 1Б 12+2Бараж за опстанок. 0+1 КГ 1 0 - - - - - - 15 12020-2021 1Б 23 0 КГ 2 1 - - - - - - 28 0Вкупно Вердер Бремен 100 3 15 0 - - - - 115 3Вкупно во кариерата 237 9 33 2 25 0 0 0 295 11
Титули Клупски Гетеборг Куп на Шведска : 1 2012-2013
Копенхаген Суперлига на Данска : 2 2015-2016, 2016-2017
Куп на Данска : 3 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017
Репрезентативни Шведска под 21 година Европско првенство за играчи под 21 година : 1 2015
Наводи
Надворешни врски
Лудвиг Аугустинсон на soccerway Лудвиг Аугустинсон на transfermarkt Лудвиг Аугустинсон на 90minut Лудвиг Аугустинсон на whoscored
Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ИФК Гетеборг